YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 96

96
Поклонување на Господа
1. Повик кон фалбени песни
1Пејте Му на Господа нова песна! Пеј Му на Господа цела земјо! 2Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение, 3кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда. 4Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови! 5Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата! 6Пред него се: славата и величието, силата и красотата во Неговото Светилиште.
2. Сета земја да Го слави Господа
7Дајте Му на Господа, племиња на народите, дајте Му на Господа, слава и сила! 8Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име! Принесете жртви и влезете во Неговите дворови, 9поклонете Му се на Господа во сјајот на Неговата светост. Трепери пред Неговото лице, цела земјо!
3. Господ - праведен Судија
10Нека се зборува меѓу многубошците: „Господ царува!“ Затоа вселената е цврста и нема да се измести, праведно управува со народите.
11Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него! 12Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја, 13пред Господа, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе му суди на светот со правда и на народите според Својата вистина.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 96: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in