YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 90

90
ЧЕТВРТА КНИГА
90-106
Божја предвечност и човекова временост
1. Предвечен Бог и смртен човек
Молитва на Мојсеј, Божји човек.
1Господи, Ти ни беше засолниште од род до род. 2Пред да се родат планините, пред да суштествуваат копното и земскиот круг, од век до век, Боже, Ти си!
3Смртниците ги враќаш во прав и велиш: „Вратете се, човечки чеда!“ 4Зашто илјада години во Твоите очи се: како вчерашниот ден што помина и како ноќната стража. 5Ги растеруваш како утрински сон, тие се како трева, што се зеленее: 6наутро цвета и сета се зеленее, а навечер се суши и вене. 7Навистина, Твојот гнев нѐ подјадува и нѐ збунува Твојата лутина. 8Нашите гревови ги стави пред Твоите очи, нашите потајни беззаконија во светлината на Твоето лице. 9Зашто сите наши денови минаа со Твој гнев, како воздишка ги завршивме своите години. 10Збирот на нашиот живот е седумдесет години, ако сме силни, и осумдесет; а повеќето од нив се мака и ништожност: зашто минуваат брзо, и ние летаме оттука.
11Кој ќе ја мери жестокоста на Твојот гнев? Кој ќе проникне во Твојата лутина? 12Научи нѐ да ги броиме нашите дни, да придобиеме мудро срце.
2. Молитва за Божја милост
13Врати се при нас, Господи! Па до кога? Биди им милостив на Своите слуги! 14Насити нѐ наутро, со Својата милост, за да се радуваме и да се веселиме во сите наши дни! 15Зарадувај нѐ за дните кога нѐ бичуваше, за годините кога страдавме многу! 16Нека се покаже Твоето дело врз Твоите слуги и Твојата слава врз нивните деца. 17Нека биде над нас добрината на Господа, нашиот Бог; дај ни да успее делото на нашите раце; нека успее делото на нашите раце.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 90: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in