YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 84

84
Копнеж за Храм
1. Стремеж кон Господовите дворови
За началник на пејачи. На гетски свиралки. За Корееви синови. Псалм.
1Колку се мили Твоите живеалишта, Господи над Воинствата! 2Мојата душа гине и копнее по Господовите дворови. Моето срце и моето тело извикуваат кон живиот Бог.
2. Блаженство во Господов Дом
3И врапчето си наоѓа живеалиште и ластовичката гнезденце, каде ќе ги положи своите пилиња: Твоите жртвеници, Господе, над Воинствата, Царе мој, и Боже мој! 4Блажени се оние што престојуваат во Твојот дом, славејќи Те непрекратно!
3. Блаженство на оној, кој оди кон Сион
5Блажен е човекот, чија сила е во Тебе, додека се подготвува за свети патишта! 6Минуваат ли низ сува долина, ја претворуваат во извор на вода, и првиот дожд ја облекува со благослов. 7Минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога во Сион.
4. Молитва и надеж
8Господи, Боже над Воинствата, чуј ја мојата молитва, послушај, Јаковов Боже! 9Ете, о Боже, штиту наш, погледај го лицето на Својот помазаник! 10Вистина, еден ден во Твоите дворови подобар е од илјада други. Повеќе сакам да стојам на прагот на Домот на мојот Бог, отколку да живеам во шаторите на грешниците. 11Господ, Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност. 12Господи над Воинствата, блазе му на оној што се надева на Тебе.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 84: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in