YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 45

45
Свадба на цар
1. Цар и негово владеење
За началникот на пејачите. На Шошан. Поука за Кореевите синови. Љубовна песна.
1Прекрасни зборови извираат од моето срце: својата песна му ја пејам на царот, јазикот ми е како трска на брзописецот.
2Убав си, најкрасен меѓу човечките синови, милина ти се разлева по усните, заради тоа Бог нека те благослови довека. 3Препаши меч на своето бедро, јунаку, наметни се со сјај и величество! 4Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта! 5Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста.
6Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал - е жезал на Твоето Царство! 7Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари. 8На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири. 9Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.
2. Царева невеста и свадба
10„Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си! 11Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар. 12Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.“
13Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато. 14Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба ѝ се девици - нејзините другарки. 15Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.
3. Заклучок
16Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја. 17Од колено на колено ќе го навестуваат Твоето име, народите ќе Те фалат во вечни векови.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 45: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in