ПСАЛМИ 137
137
Песна крај реките на Вавилон
1. Плач на заробеници
1На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион; 2на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири. 3И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!“
2. Спомнување на Сион
4Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја! 5Нека ми се осуши мојата десница, Ерусалиме, ако те заборавам тебе! 6Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост!
3. Повик за одмазда
7Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!“ 8Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сѐ што ни си сторила. 9Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!
Currently Selected:
ПСАЛМИ 137: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.