YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 135

135
Фала на Господа
1. Поттик кон славење
1Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги, 2Кои престојувате во Господовиот дом, во дворовите на Домот на нашиот Бог! 3Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило. 4Зашто Господ го избра Јакова за Себеси, Израел за драга сопственост.
2. Величие на Господа
5Знам дека Господ е Велик, дека е Господар над сите богови. 6Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните. 7Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа.
3. Господово избавување
8Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво. 9Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги. 10Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви: 11аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства. 12И му ја даде нивната земја во наследство, во наследство на Израел, на Својот народ.
4. Господов суд
13Твоето име, о Господи, останува довека, и споменот за Тебе, о Господи, од род до род. 14Затоа Господ ќе го суди Својот народ, Тој им е милостив на Своите слуги.
5. Идолопоклонство на пагански народи
15Незнабожечките идоли, се сребро и злато, тие се дело на човечки раце: 16имаат уста, а не зборуваат; имаат очи, а не гледаат, 17имаат уши, а не слушаат; и нема здив во нивните усти. 18Такви се и оние што се надеваат на нив.
6. Заклучен поттик кон славење
19Израелев Доме, благословувај Го Господа! Аронов Доме, благословувај Го Господа! 20Левиев Доме, благословувај Го Господа! Кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа! 21Благословен да биде Господ од Сион, кој живее во Ерусалим. Алилуја!

Currently Selected:

ПСАЛМИ 135: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in