ПСАЛМИ 108
108
Песна на надеж во Бога
1. Благодарност на Господа
Песна. Давидов псалм.
1Моето срце е непоколебливо, Боже, ќе пеам и ќе свирам со душата моја. 2Разбуди се, псалтиру и харфо! Ќе ја разбудам утринската зора. 3Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата, 4зашто Твојата добрина е повисока од небото, Твојата вистина е до облаците. 5Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата Слава нека е над целата земја!
2. Надеж во Божји ветувања
6За да се избават Твоите возљубени, спаси со Својата десница, и услиши ме! 7Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го разделам Сихем, воскликнувајќи, ќе ја измерам долината Сокхот. 8Мој е Галад, Мој и Манасиј, Ефрем Ми е кацига, Јудеја - Мое жезло! 9Моав Ми е мијалник, Мојата обувка ќе ја фрлам врз Едом, ќе ја славам победата над Филистејците!“
3. Повик за помош
10Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом? 11Зар не сакаш Ти, о Боже, што нѐ отфрли? Зар не сакаш повеќе, Боже, со нашите чети? 12Помогни ни против непријателите, зашто е ништожна човечката помош! 13Храбро ќе се бориме, со Божја помош, Бог ќе ги згази нашите непријатели.
Currently Selected:
ПСАЛМИ 108: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.