YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 1

1
ПРВА КНИГА
1-41
Два пата
1. Блаженство на праведник
Давидов псалм.
1Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; 2туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе: 3Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сѐ што прави, во сѐ успева.
2. Гибел на нечесни
4Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува. 5Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните. 6Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.

Currently Selected:

ПСАЛМИ 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in