ПОСЛОВИЦИ 27
27
Д. Мудрост и човечки недостатоци
1Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш што може денот да донесе. 2Нека те фали друг, а не твојата уста, туѓинец - а не твоите усни. 3Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес. 4Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе ѝ одолее на љубомората? 5Јавниот укор е подобар, отколку лажната љубов. 6Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни. 7Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сѐ горчливо - му е слатко. 8Како птица далеку од своето гнездо, таков е човекот, кој е далеку од својот роден крај. 9Како што маслото и мирисот го веселат срцето, така и сладоста на пријателот преку срдечен совет. 10Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку. 11Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува. 12Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат. 13Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот. 14Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва. 15Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се, 16кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.
Ѓ. Човеково незадоволство
17Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател. 18Кој ја чува смоквата, јаде од нејзиниот плод, и кој го чува својот господар, ќе биде почитуван. 19Како што во водата се одразува лице од лице, така и срцето го одразува човекот. 20Смртта и Пропаста не можат да се заситат, а така ни човечките очи. 21Топилницата е за сребро и печката за злато, а човекот се познава по устата што го фали. 22Да го истолчиш безумникот со толчник во сад за толчење со зрна, пак неговото безумство нема да го остави. 23Грижи се внимателно за својот добиток, и грижи се за стадата, 24зашто богатството не трае довека; ниту круната од колено до колено. 25Кога тревата никнува и зеленило се покажува и се собира планинското билје, 26тогаш јагнињата ти се за облека, и јарињата за купување на ниви; 27тогаш имаш во изобилство козјо млеко за своја храна и за храна на својот дом, и за исхрана на своите прислужнички.
Currently Selected:
ПОСЛОВИЦИ 27: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.