YouVersion Logo
Search Icon

ПОСЛОВИЦИ 18

18
Р. Зборови на мудар и на глупав
1Себичниот ја сака само својата желба; и се противи на секое здраво расудување. 2Глупецот нема наслада во знаењето, нему му е само да си го искажува срцето. 3Кога доаѓа нечесниот, доаѓа и презирот, а со нечесноста доаѓа прекорот. 4Зборовите од човечката уста се длабоки води, извор на мудрост - порој што се разлива. 5Не е добро: да се обѕира на нечесна личност, да му се нанесе неправда на праведникот во судот. 6Безумниковите усни се впуштаат во препирки, и неговата усна предизвикува удари. 7Сопствената уста е пропаст за безумниот, и усните му се примка за неговата душа. 8Клеветниковите зборови се како слатки: се спуштаат до дното на утробата. 9Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот. 10Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште. 11Имотот на богатиот е утврден град, и како висок ѕид во неговото мечтаење. 12Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста. 13Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам. 14Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне? 15Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење. 16Подарокот му отвора пат на човекот и го води пред големците. 17Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува. 18Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните. 19Навредениот брат е појак од цврст град, и расправите се како лостови на тврдина. 20Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни. 21Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод. 22Кој нашол добра жена, ја нашол среќата и добил милост од Господа. 23Бедниот зборува молејќи понизно, а богатиот одговара грубо. 24Има пријатели кои водат во пропаст, а има и пријател поприврзан од брат.

Currently Selected:

ПОСЛОВИЦИ 18: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in