YouVersion Logo
Search Icon

ПОСЛОВИЦИ 11

11
В. Беззаконик и праведник
1Лажната мерка гнасна е на Господа, а полната мерка му е угодна. 2Со гордоста доаѓа срамот, а мудроста е во смирените. 3Праведните ги води нивната невиност, а безбожниците ќе ги погуби нивното лукавство. 4Богатството не помага во денот на Божјиот гнев, а правдата избавува од смрт. 5На непорочниот правдата му го исправува неговиот пат, а нечесниот пропаѓа од својата нечесност. 6Справедливите ги избавува нивната правда, а беззакониците се фаќаат во својата злоба. 7Кога лошиот човек умре, надежта му пропаѓа, и надежта и очекувањето на грешникот се рушат. 8Праведникот се спасува од беда, а нечесниот доаѓа на неговото место. 9Лицемерот го убива, со устата, својот ближен, а праведниците се избавуваат со знаење. 10Градот се радува на успехот на праведниците и воскликнува заради пропаста на нечесниот. 11Со благословот на праведните градот се воздига, а со устата на нечесните се разурнува.
Г. Верен човек и пренесувач
12Неразумникот го презира својот ближен, додека умниот човек молчи. 13Кој оди со клеветата, ја открива тајната, а човек со верен дух ја чува тајната. 14Каде нема раководство народот пропаѓа, а при многу советници, тој се избавува. 15Многу лошо поминува кој емчи за друг, а без страв е кој го мрази емството. 16Благочестивата жена придобива слава, а трудољубивите мажи богатство. 17Милостивиот човек сам си прави добро, а жестокиот го измачува сопственото тело. 18Нечесниот човек придобива измамлива печалба, а кој сее правда, има сигурна награда. 19Кој е цврст во справедливоста, оди во живот, а кој трчи по злото, за смрт му е. 20Одвратни му се на Господа нечесните во срцето, а непорочните во патот му се благоугодни. 21Навистина, зол човек не ќе помине без казна, а потомството на праведникот ќе се избави. 22Златна обетка на носот на свињата: таква е убава жена а без разум. 23Праведничката желба е само добро, а очекувањето на нечесните гнев.
Д. Штедар благотворител
24Кој дели изобилно, сѐ повеќе има, а кој скржави сѐ е посиромашен. 25Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои. 26Кој не дава жито, народот го колне, а благословот е над главата на оној што го продава. 27Кој се стреми кон добро, наоѓа милост, а кој оди по злото, тоа ќе го снајде. 28Кој се надева на богатство, пропаѓа, а праведните ќе цветат како зелено лисје. 29Кој ја запустува својата куќа, ќе наследи ветер, а неумниот му е слуга на умниот по срце. 30Праведниковиот плод е дрво на животот, а мудрец е, кој придобива души. 31Ако на праведникот му се плаќа за заслуженото на земјата колку повеќе на нечесниот и на грешниот.

Currently Selected:

ПОСЛОВИЦИ 11: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in