YouVersion Logo
Search Icon

МАРКО 6

6
Исус непризнат во Назарет
1И отиде оттаму и дојде во Својот роден крај, а Неговите ученици одеа по Него. 2А кога дој-де саботата, почна да поучува во синагогата, и мнозина, кои слушаа, се зачудија и рекоа: „Откаде Му е ова Нему? И каква е мудроста што Му е дадена? И какви чудеса прават Неговите раце? 3Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија, и брат Јаковов, и Јосиин, и Јудин и Симонов? И не се ли Неговите сестри тука меѓу нас?“ И се соблазнија во Него. 4А Исус им рече: „Про-рок не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.“ 5И не можеше таму да направи никакво чудо, освен што исцели малку болни, полагајќи ги рацете врз нив. 6И се чудеше на нивното неверие.
Апостолска мисија
И обиколуваше по околните села и поучуваше. 7И ги повика Два-наесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. 8И им заповеда да не носат ништо за по пат освен еден стап: ни леб, ни торба, ни пари во појасот, 9туку да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. 10И им рече: „Каде и да влезете во куќа, останете таму, додека не излезете оттаму. 11А ако не ве примат и не ве послушаат, излезете оттаму и истресете го правот од своите нозе, ним за сведоштво!“ 12И излегоа и проповедаа дека луѓето треба да се покајат. 13И изгонуваа многу демони, и многу болни помазуваа со масло и ги оздравуваа.
Смртта на Јован Крстител
14И царот Ирод чу, зашто Него-вото име беше прочуено, и зборуваше: „Јован Крстител стана од мртвите и затоа дејствуваат силите во него!“ 15Други пак велеа, дека е Илија; а други велеа дека е пророк, или како еден од пророците. 16Но кога Ирод чу, рече: „Јован, кому јас му ја отсеков главата, тој стана од мртвите.“ 17Имено, Ирод испра-ти и го фати Јована и го врза во темницата, заради Иродијада, же-ната на брата му Филипа, бидејќи се ожени со неа, 18зашто Јован му велеше на Ирода: „Не ти е доз-волено да ја имаш жената на брата си.“ 19А Иродијада беше озлобена на него и сакаше да го убие, но не можеше. 20Зашто Ирод се плаше-ше од Јована, знаејќи дека е човек праведен и свет, и го пазеше; и кога го слушаше, се збунуваше многу, но сепак го слушаше со задоволство. 21И кога дојде погоден ден, кога Ирод на својот роденден, им даде вечера на своите кнезови, на војводите и на галилеј-ските прваци; 22влезе Иродија-дината ќерка и поигра и им угоди на Ирода и на прилегнатите со него, и царот ѝ рече на девојката: „Побарај од мене што сакаш и ќе ти дадам.“ 23И ѝ, се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам - до половина на моето царство.“ 24А таа излезе и ѝ рече на мајка си: „Што да побарам?“ А таа рече: „Главата на Јована Крстител.“ 25И веднаш, откако влезе брзо кај царот, побара, велејќи: „Сакам да ми ја дадеш, сега веднаш, на послу-жавник главата на Јована Крсти-тел.“ 26И царот многу се натажи, но заради заклетвата и оние што седеа со него, не сакаше да ја одбие. 27И царот веднаш испрати стражар и му нареди да ја донесе неговата глава. И тој отиде, му ја отсече главата во темницата, 28и ја донесе неговата глава на послу-жавник и ѝ ја даде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. 29А кога неговите ученици чуја, дојдоа и го зедоа неговото тело и го положија во гроб.
Исус нахранува пет илјади луѓе
30И апостолите се собраа при Исуса и Го известија за сѐ што направиле и што поучувале. 31И им рече: „Дојдете вие сами, на пусто место и починете си малку!“ Зашто, мнозина доаѓаа и си заминуваа, и немаа време ни да јадат. 32И отидоа со кораб на пусто место насамо. 33Но ги видоа кога заминуваа и мнозина Го познаа и се запатија пеш, од сите градови, и стигнаа пред нив.
34А кога излезе од коработ, виде големо множество и се сожали за нив, зашто беа како овци без пастир, и почна да ги поучува многу. 35И бидејќи времето поодмина доста, Неговите ученици Му пристапија и Му рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна. 36Распушти ги, за да отидат по околните колиби и села, и да си купат нешто да јадат!“ 37А Тој одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ Му рекоа: „Да одиме ли да купиме леб за двеста денарии и да им дадеме да јадат?“ 38А Тој им рече: „Колку лебови имате? Одете и видете!“ И кога узнаа, рекоа: „Пет и две риби.“ 39И им заповеда да ги наместат сите по групи, на зелената трева. 40И прилегнаа во групи по сто и педесет. 41И ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, благослови и ги раскрши лебовите, па им даваше на учени-ците да ги ставаат пред нив; и двете риби им ги раздели на сите. 42И сите јадеа и се наситија. 43И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите. 44А оние кои јадеа леб, беа околу пет илјади мажи.
Исус оди по вода
45И веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат порано на другата страна, кон Витсаида, додека Тој го распу-шти народот. 46И откако се прости од нив, отиде на гората да се помоли. 47А приквечер каработ беше среде море, а Тој самиот на земјата. 48И кога ги виде како се мачат веслајќи - зашто ветерот им беше спротивен, околу четвртата ноќна стража, дојде до нив, одејќи по морето, и сакаше да ги замине. 49А тие, кога Го видоа како оди по морето, помислија дека е привидение, и извикаа, 50зашто сите Го видоа и се исплашија. Но, Тој веднаш им проговори и им рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се!“ 51Тогаш влезе при нив во коработ, и ветерот стивна. Тие се зачудија многу во себе, 52зашто не го разбраа чудото со лебовите, туку срцето им беше закоравено.
53И кога преминаа, дојдоа на копно во Генисарет и излегоа. 54Кога излегоа од коработ, веднаш Го познаа, 55се растрчаа по целата таа околија и почнаа да донесуваат болни, на постели, каде што чуја дека е Тој. 56И каде и да влегуваше во села, или во градови, или во селца, на трговиштата ги ставаа болните и Го молеа да Го допрат барем до ресите на Неговата облека. И сите, кои Го допреа беа исцелени.

Currently Selected:

МАРКО 6: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in