YouVersion Logo
Search Icon

МАРКО 4

4
Споредби
1И пак почна да поучува покрај морето. И се собра околу Него многу народ, така што влезе во кораб и седеше на морето, а целиот народ беше на копното, покрај морето. 2И ги поучуваше многу со параболи; и им рече во Својата поука: 3“Слушајте! Ете, излезе сејач да сее. 4И кога сееше, едно зрно падна покрај патот, и дојдоа птици и го исколваа. 5Друго падна на каменлива почва, каде немаше многу земја; и никна брзо, зашто немаше длабока земја. 6А кога сонцето изгреа, овена и бидеј-ќи немаше корен се исуши. 7И друго падна во трње, и трњето израсна и го загуши, па не донесе плод. 8А друго падна на добра земја и доне-се плод, кој напредуваше и расте-ше, и принесе: едно триесет, и друго шеесет, а друго сто.“ 9И рече: „Кој има уши да слуша, нека слуша!“
10А кога остана Сам, Го прашаа за параболата оние, кои беа околу Него со Дванаесетмината. 11И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сѐ биднува во параболи, 12за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.“ 13И им рече: „Не ја разбирате ли оваа приказна? А како ќе ги разберете сите параболи! 14Сејачот сее слово. 15Оние, покрај патот, каде се сее словото, се оние кај кои - кога ќе го чујат - веднаш доаѓа сатаната и го грабнува словото, посеано во нив. 16Исто, посеани врз каменлива почва се оние, кои - штом го чујат словото - го примаат со радост, 17но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат. 18А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото, 19но светските грижи, и измамливоста на богатството, и желбите за други работи, кога ќе влезат го загушуваат словото, и останува без плод. 20А посеаните на добра земја се оние, кои го слушаат словото, го примаат и донесуваат плод: еден триесет, и еден шеесет, и еден сто.
21И им рече: „Затоа ли се внесува светилка за да се стави под вршник или под легло, а не за да се стави на светилникот? 22Зашто ништо не е скриено, што не ќе биде откриено; или што е направено тајно, а да не излезе на видело. 23Кој има уши да слуша, нека слуша!“
24И им рече: „Внимавајте што слушате! Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придаде вам, кои слушате. 25Зашто кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што го има.“
26И велеше: „Така, Божјото Цар-ство е како кога човек ќе фрли семе во земја; 27и спие и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како. 28Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна. 29А кога плодот узрее, веднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.“
30И велеше: „Со што да го споре-диме Божјото Царство? Со каква парабола да го претставиме? 31Тоа е како синаповото зрно, што кога се сее во земјата, е помало од сите семиња на земјата; 32но кога е посеано, израснува и станува пого-лемо од сите зеленчуци и пушта големи гранки, така што небес-ните птици можат да се гнездат под неговата сенка.“ 33Со многу такви параболи им го кажуваше словото, колку што можеа да слушаат. 34А без параболи ништо не им говореше, но насамо им објаснуваше сѐ на Своите ученици.
Стивнување на бура. Исцелување на бесен Герасинец
35И вечерта на истиот ден им рече: „Да преминеме на другата страна!“ 36И кога го отпуштија народот Го зедоа Исуса со себе, како што беше во коработ; и други кораби беа со Него. 37И се подигна силна бура, а брановите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе се полнеше. 38А Тој при кормилото спиеше на перница. И Го разбу-дија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа, што ние загинуваме?“ 39И стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Стивни! Молкни!“ И ветерот стивна и на-стана голема тишина. 40И им рече: „Зошто се плашите толку? Како немате вера?“ 41И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е Овој, што и ветерот и морето Му се покоруваат?“

Currently Selected:

МАРКО 4: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy