МАРКО 14
14
Помазание во Витанија. Јудино предавство
1А беа два дни до Пасха и до празникот на Бесквасните лебови. И главните свештеници и книжниците бараа како да Го фатат на измама и да Го убијат, 2но зборуваа: „Не на празникот, за да не се побуни народот.“ 3И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот, додека беше прилегнат покрај трпезата, дојде една жена, која имаше сад од алабастер, со чисто скапоцено нардово миро; таа го скрши садот од алабастер и го излеа мирото врз Неговата глава. 4А некои негодуваа, говорејќи меѓу себе: „Зошто да се растура така мирото! 5Имено, мирото можеше да биде продадено за повеќе од триста денарии и да им се даде на сиромасите!“ И негодуваа против неа. 6Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто ѝ досадувате? Таа направи добро дело на Мене. 7Зашто бедните ги имате секогаш со себе, и можете да им направите добро кога ќе посакате; а Мене Ме немате секогаш. 8Таа направи што можеше; Го помаза предвреме Моето тело за погребение. 9И вистина ви велам, каде и да биде проповедано Еван-гелието, по целиот свет, ќе се раскаже и што направи таа, за нејзин спомен.“ 10И Јуда Искариотски, еден од Дванаесетмината, отиде при првосвештениците, за да им Го предаде. 11А тие, кога чуја, се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници. И бараше погоден случај, за да Го предаде.
Последна вечера
12А во првиот ден на Бесквасните лебови, кога колеа за Пасха, Него-вите ученици Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме за да ја јадеш Пасхата?“ 13И испра-ти двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во град и ќе ве сретне човек, кој носи вода во врчва. Одете по него 14и каде ќе влезе, речете му на домаќинот: „Учителот праша: „Каде е Мојата соба, каде ќе ја јадам Пасхата со Моите ученици?“ 15И тој ќе ви покаже голема соба - горница, послана, приготвена; згответе ни таму!“ 16И Неговите ученици излегоа и отидоа во градот, и најдоа како што Тој им рече, па ја приготвија Пасхата.
17А кога се свечери, дојде со Дванаесетмината. 18И кога беа прилегнати покрај трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам, еден од вас - кој јаде со Мене - ќе Ме предаде.“ 19Тие се нажалија и почнаа да Му велат еден по еден: „Да не сум јас?“ А друг: „Дали јас?“ 20А Тој им рече: „Еден од Дванаесетмината, кој макнува со Мене во чинијата. 21Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човеч-киот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.“
22И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ 23И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа. 24И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина. 25Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.“
Молитва во Гетсиманија
26И откако испеаја песна, излегоа на Маслиновата Гора. 27И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.“ 28А по Своето воскресение, ќе отидам пред вас во Галилеја.“ 29А Петар Му рече: „Ако и сите се соблазнат, но јас - не.“ 30И Исус му рече: „Вистина ти велам, дека ти денес, во оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 31Но тој уште поупорно зборуваше: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!“ И сите го велеа истото.
32И дојдоа до место, по име Гетсиманија, и им рече на Своите ученици: „Седете тука, додека се помолам!“ 33И ги зеде со Себе: Петра, Јакова и Јована, се натажи, и почна длабоко да се вознемирува. 34И им рече: „Мојата душа е нажалена до смрт; останете тука и бдејте!“ 35И отиде малку подалеку, падна на земја и се молеше, - ако е можно - да Го одмине тој час, 36и велеше: „Ава, Татко! Сѐ е можно за Тебе. Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!“ 37И дојде и ги најде како спијат; и му рече на Петра: „Симоне, спиеш ли! Не можеше ли да бидеш буден еден час! 38Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо.“ 39И пак отиде и се помоли, изговарајќи ја истата молитва. 40Кога се врати, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале и не знаеја што да му одговорат. 41И дојде по третпат и им рече: „Сѐ уште спиете и почи-вате!“ Доста е, часот дојде! Еве, Го предаваат Човечкиот Син во гре-шнички раце. 42Станете, да одиме! Еве, наближи Мојот предавник!“
43И веднаш, додека Тој уште зборуваше, дојде Јуда - еден од Дванаесетмината, и со него мно-жество, со мечеви и со стапови; испратени од главните свештеници, книжниците и старешините. 44А Неговиот предавник им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е; фатете Го Него и одведете Го внимателно.“ 45И кога дојде, веднаш Му пристапи и рече: „Рави! Рави! И Го целива топло.“ 46А тие ставија раце на Него и Го фатија. 47А еден од оние, кои стоеја таму, истрга меч и го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото. 48Исус пак одговори и им рече: „Излеговте како на разбојник, со мечеви и стапови, за да Ме фатите! 49Секој ден бев при вас, во Храмот, и поучував, но не Ме фативте. Но, Писмата треба да се исполнат!“ 50Тогаш, сите Го оставија и се разбегаа. 51А по Него одеше еден млад човек, наметнат со платно на голото тело, и го фатија него; 52но тој го остави платното и избега гол од нив.
Исус пред Синедрионот. Петро-вото одречување
53И Го одведоа Исуса при првосве-штеникот, и се собраа сите главни свештеници, старешини и книж-ници. 54А Петар Го следеше од-далеку сѐ до - во дворот на прво-свештеникот. Таму седеше со слугите и се грееше покрај огнот. 55А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштво против Исуса, за да Го убијат, но не најдоа. 56Зашто мнозина сведочеа лажно против Него, но сведоштвата не беа еднакви. 57И некои станаа и сведочеа лажно против Него, велејќи: 58“Ние Го чувме како зборуваше: „Ќе го урнам овој ракотворен Храм и за три дни ќе изградам друг - неракотворен.„ 59Но ни така нивното сведоштво не беше еднакво. 60Тогаш првосве-штеникот стана на средина и Го праша Исуса, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ 61А Тој молчеше и ништо не одговори. Првосве-штеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благосло-вениот?“ 62А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.“ 63Тогаш првосвештеникот ја рас-кина својата облека и рече: „Зошто ни се потребни веќе сведоци? 64Чувте богохулство! Како ви се гледа?“ А тие сите Го осудија дека заслужува смрт. 65И некои почнаа да Го плукаат и да Му го покриваат лицето, да Го удираат со тупаници и да Му велат: „Проречи!“ И слугите Го удираа по образите.
66И кога Петар беше долу, во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот; 67и кога го виде Петра, како се грее, го погледна и му рече: „И ти беше со Исуса Назареецот!“ 68Но тој одрече, велејќи: „Ниту знам, ниту разбирам што зборуваш!“ И излезе надвор во преддворјето и петел запеа. 69А слугинката го виде и почна пак да им зборува на оние, кои стоеја таму: „И овој е од нив!“ 70А тој пак одрече. Подоцна, оние, кои стоеја таму, пак му рекоа на Петра: „Навистина си од нив, зашто и ти си Галилеец а и говорот се сложува.“ 71А тој почна да се колне и да се заколнува: „Не Го познавам човекот за Кого зборувате.“ 72И веднаш петелот запеа по вторпат. А Петар се сети на зборовите, што му ги рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.
Currently Selected:
МАРКО 14: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.