YouVersion Logo
Search Icon

МАРКО 1

1
Проповед на Јован Крстител
1Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син. 2Како што е пишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам Сво-јот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат; 3гласот на оној, кој вика во пустината: ‘Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’.“ 4Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно кршта-вање за проштавање на гревовите. 5И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јор-дан, при што тие ги исповедуваа своите гревови. 6А Јован беше облечен во облека од камилски влакна и имаше кожен појас околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед. 7И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. 8Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“
Исусово крштавање и искушение
9И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан. 10И веднаш, додека излегуваше од водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб. 11И се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!“ 12Веднаш потоа Духот Го одведе во пустината. 13И беше во пустината четириесет дни, иску-шуван од сатаната. И беше меѓу ѕверови; и ангели Му служеа.
Повик на првите ученици
14А откако Јован беше предаден, Исус дојде во Галилеја, пропове-дајќи го Божјото Евангелие. 15И зборуваше: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство; покај-те се и верувајте во Евангелието!“
16И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде Симона и Андреја, братот Симонов, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа риба-ри. 17И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!“ 18И веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 19И кога одмина малку потаму ги виде: Јакова, Зеведеевиот син и брата му Јована - и нив во кораб - како ги крпат мрежите; 20и веднаш ги повика и, оставајќи го татка си Зеведеја со наемниците во коработ, тргнаа по Него.
Исусова проповед во Капернаум и во Галилеја, чуда
21И дојдоа во Капернаум и веднаш во саботата, влезе во синагогата и поучуваше. 22И ѝ се восхитуваа на Неговата наука, зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците. 23Тогаш, во нивната синагога беше човек, опфатен од нечист дух, и извика 24велејќи: „Ах! Што имаме ние со Тебе, Исусе Назарејче? Дали дојде да нѐ погубиш? Знам Кој си Ти: Божји Светец!“ 25И Исус му се закани: „Молкни и излези од него!“ 26И нечистиот дух го стресе, извика со висок глас и излезе од него. 27И сите се зачудија, така што се прашуваа еден со друг, велејќи: „Што е ова? Нова наука - полна со сила! - Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат!“ 28И веднаш се разнесе глас за Него на сите страни, по целата галилеј-ска околина.
29И штом излезе од синагогата, дојде во куќата на Симона и Андреја, со Јакова и Јована. 30А Симоновата тешта лежеше од тре-ска, и веднаш Му рекоа за неа. 31Тој ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската ја остави, па им служеше. 32А приквечер, по зајдисонце, Му ги доведоа сите болни и бесни 33и целиот град се собра пред вратата. 34И исцели мнозина, кои страдаа од разни болести: и истера многу бесови, и не им одобри на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја. 35А наутро, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше. 36А Сим-он и оние, кои беа со него, поитаа по Него, 37и кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ 38И им одговори: „Да одиме: во соседните села, да проповедам и таму, зашто затоа и излегов.“ 39И дојде, пропо-ведајќи - во нивните синагоги по цела Галилеја - и изгонувајќи ги бесовите.
Очистување на лепрозен
40И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 41И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!“ 42И веднаш лепрата отиде од него и стана чист. 43И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти 44и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.“ 45А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за наста-нот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.

Currently Selected:

МАРКО 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in