МАЛАХИЈА 2
2
В. Предупредување на свештеници
1. Негрижливост во науката
1А сега ви заповедам, свештеници! 2Ако не послушате, ако не земете на срце да Го прославите Моето Име - зборува Господ над Воинствата - ќе испратам клетва врз вас и ќе го проколнам вашиот благослов, и веќе го проколнав зашто не го зедовте тоа на срце. 3И ќе ви ја скршам раката, ќе ви фрлам нечистота во лицето, нечистотата на вашите празници, и ќе ве отстранам заедно со нив. 4По тоа ќе знаете: тоа беше Моја опомена, за да остане Мојот Завет со Левиј - зборува Господ над Војските. 5А Мојот Завет со нив беше Завет на живот и мир - Јас му ги дадов: за страв - и тој се плашеше од Мене, го почитуваше Моето име. 6Законот на вистината беше во неговата уста, немаше вина на неговите усни; одеше по Мене во мир и справедливост и мнозина одврати од грев. 7Да, свештениковите усни треба да го чуваат знаењето, а од неговата уста треба да се бара Законот: зашто тој е пратеник на Господа над Воинствата. 8Но вие застранивте од патот, направивте мнозина да се сопнуваат од Законот, го изгазивте Левиевиот Завет - зборува Господ над Воинствата. 9Затоа направив да ве презираат и да ве понижуваат сите народи, зашто не се држевте за Моите патишта, туку бевте пристрасни применувајќи го Законот.“
2. Вероломство
10Немаме ли сите еден татко? Не нѐ создаде ли еден Бог? Зошто сме тогаш неверни еден на друг та го осквернуваме Заветот на своите татковци?
3. Мешани бракови
11Јуда изневери, направија срам во Израел и Ерусалим, зашто Јуда ја оскверни Светината, која Бог ја љубеше и се ожени со ќерката на туѓ бог. 12Секој кој ќе направи така, ма кој да бил тој, Господ нека го откорне од Јакововите шатори и од сред оние кои Му принесуваат жртва на Господа над Војските!
4. Разводи
13И вие го правите уште ова: го залевате со солзи Господовиот жртвеник, со плач и ридање, зашто Тој веќе не погледнува кон приносот. Тој не му е угоден од вашите раце. 14И вие прашувате: „Зошто?“ Зашто Господ беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост, на која ѝ си неверен, иако ти беше сопруга и твоја законска жена. 15Не направи ли Тој едно? Освен тоа, остатокот на Духот е во него. А што е тоа едно? Тоа, што Тој бара Божјо потомство! И така, почитувај го својот дух и не биди ѝ неверен на жената на својата младост. 16„Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог - и оној, кој со неверство ги валка своите облеки - говори Господ над Воинствата! И така, внимавајте на својот дух, не бидете вероломни.“ 17Му досадувате на Господа со своите зборови, а прашувате: „Со што Му досадуваме?“ Со тоа што зборувате: „Сите кои прават зло, добро се видени во Господовите очи и таквите Му се мили!“ или: „Каде е Бог на правдата?“
Currently Selected:
МАЛАХИЈА 2: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.