ИСУС НАВИН 16
16
4. Дел на Јосифови синови
а. Општи граници
1На Јосифовите синови им припаднаа со жрепка недвижниот имот: од Јордан кај Ерихон, од Ерихонските Води на исток, па низ пустината кон Ветилската Гора; 2од Ветил до Луз, меѓата продолжуваше низ подрачјето на Архијците до Атарот. 3Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сѐ до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море. 4Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.
б. Дел на Ефремови синови
5Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон. 6Оттаму се тегнеше до морето. (одеше на) Михметат на север и вртеше натаму на исток кон Танат-Силон и поминуваше од источната страна на Јанох. 7Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан. 8Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства. 9А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови. 10Ама не успеаја да ги изгонат Ханаанците, кои живееја во Гезер. Така Ханаанците останаа меѓу Ефремовите синови до денес, но им беше наметнат данок.
Currently Selected:
ИСУС НАВИН 16: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.