ИСУС НАВИН 14
14
В. Делба на Западен Ханаан
1. Вовед
1Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња. 2Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе. 3Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив. 4Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока. 5Како што Господ му заповеда на Мојсеја, така направија Израелевите синови при делбата на земјата.
2. Дел на Халев: Хеврон
6Јудините синови пристапија кон Исуса во Галгал, а Халев синот Јефониев, Кенезеец, му рече: „Ти знаеш што му рече Господ на Мојсеја, на Божјиот човек, за мене и за тебе во Кадис-Варни. 7Ми беа четириесет години кога Мојсеј, Господовиот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја согледам земјата. И му донесов извештај како што најдобро знаев. 8Браќата кои тргнаа со мене го исплашија срцето на народот, но јас ја вршев волјата на Господа, својот Бог. 9И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’ 10И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години, 11но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам. 12Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.“
13Тогаш Исус го благослови, и му го даде на Халева, синот Јефониев, Хеврон во наследство. 14Хеврон му припадна во наследство на Халев, синот Јефониев, Кенезец, сѐ до денес, зашто Халев ја вршеше волјата на Господа, Израелевиот Бог. 15Хеврон се викаше порано Киријат Арва; а Арва беше голем човек меѓу Енакимците.
Currently Selected:
ИСУС НАВИН 14: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.