YouVersion Logo
Search Icon

ЈОВ 30

30
2. Негови сегашни страдања
1А сега, ете, ми се потсмевнуваат, луѓе по години помлади од мене, чии татковци не би ги ставил ни со овчарските кучиња на своето стадо. 2Па зошто ми е силата на нивните раце, кога ќе им ја снема нивната мажествена сила? 3Испиена од глад и скудност; гризеа корења во пустината и густа шума по запустените урнатини. 4Береа лобода и лисја од грмушките, како леб јадеа смреково корење. 5Тие се протерани од човечкото општество, викаат по нив како по крадци. 6Живееја по страшни ровови, во пештери и во пукнатини. 7Рикањето им се креваше од честакот, лежеа стиснати по трништата. 8Синови на навредените, род на безимените, ги протеруваа со бичеви од земјата. 9На таквите им станав шеговита песна и сега ним им служам како приказна! 10Се гнасат и бегаат од мене, не се стеснуваат да ми плукаат во лицето. 11Бидејќи Бог ми го скрши лакот и ме сотре, тие ја отфрлија уздата од своите усти. 12Изродите стануваат од мојата десна страна, тие ги тераат моите нозе во бегство, насипуваат пат на пропаст кон мене. 13Ми ја разурнуваат патеката, за да ме сотрат, напаѓаат и никој не им брани. 14Тие навлегуваат низ широк пролом и се тркалаат како бура. 15Сите стравотии се свртуваат кон мене, мојот углед го снема како ветер, доброто исчезна како облак. 16Мојата душа се разлева во мене, денови на неволја се урнаа врз мене. 17Ноќе, болеста ги прободува моите коски, не стивнуваат болките, што ме гризат. 18Маката ми ја смени и облеката и ме стегна како јака на облекло. 19Ме фрли во калта долу, ете, станав како прав и пепел. 20Викам кон Тебе, но Ти не одговараш; стојам пред Тебе, но Ти и не се грижиш. 21Стана жесток кон мене, со претешка рака се нафрлаш кон мене. 22Ме креваш со виор, со него ме носиш, ме вртиш силно во вртеж на бурата. 23Да, знам дека ме предаде на смртта, на заедничкото собиралиште на сите живи. 24Не ја испружува ли раката давеникот, не вика ли кога ќе падне во неволја? 25Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата душа за сиромашниот? 26Се надевав на среќата, а дојде несреќата; ја чекав светлината, а, ете, темнина ме зави. 27Утробата врие во мене непрекратно, ми донесува нови страдања, секој ден. 28Одам поцрнет, но никој не ме теши; Станувам во собранието - за да извикам. 29Станав брат на шакалите и им станав другар на ноевите. 30Сета кожа поцрне на мене, и оган ми ги изгоре коските. 31Мојата харфа се претвори во тажачка, а мојата свирка има глас на тажачи.

Currently Selected:

ЈОВ 30: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in