YouVersion Logo
Search Icon

ЈОВАН 6

6
Исус нахранува пет илјади луѓе
1Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско. 2Многу народ одеше по Него, зашто ги гледаа чудесата, што ги правеше над болните. 3Исус се искачи на гората и седеше таму со Своите ученици. 4А наближуваше јудејскиот празник - Пасхата. 5Тогаш Исус ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, па му рече на Филипа: „Каде да купиме леб, за да се нахранат овие?“ 6Тоа го рече за да го искуша; зашто Самиот знаеше што ќе направи. 7Филип Му одговори: „Не ќе им стигне леб за двеста денарии, па секој од нив да добие по малку.“ 8Еден од Неговите ученици, Андреј братот на Симона Петра, Му рече: 9“Тука има едно момче, кое има пет јачмени лебови и две риби; но што е тоа за толкаво множество?“ 10А Исус рече: „Нека поседнат луѓето!“ Имено, имаше многу трева на местото, па поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. 11Тогаш, Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги раздаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од ри-бите, колку што сакаа. 12Кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги останатите парчиња, за да не пропадне ни-што!“ 13И така, ги собраа и наполнија дванаесет кошници со парчи-ња од петте јачмени лебови, што им останаа на оние, кои јадеа. 14Луѓето, кога го видоа чудото што го направи, рекоа: „Овој е навистина Пророкот, Кој требаше да дојде на светот.“ 15Исус, - штом разбра дека сакаат да дојдат и да го одвлечат насила, за да Го направат цар - пак се повлече сосем Сам во гората.
Исус оди по вода
16Кога се приквечери, Неговите ученици слегоа до морето, 17и влегоа во кораб и отидоа преку морето во Капернаум. Веќе се стемни, а Исус уште не беше дојден при нив. 18Морето се разбранува, оти дува-ше силен ветер. 19Откако одвеслаа околу дваесет и пет или триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ; па се исплашија. 20Но Тој им рече: „Јас Сум, не бојте се!“ 21Тие сакаа да Го земат во кора-бот, а коработ се најде веднаш на брегот, каде што одеа.
Исус - Леб на Животот
22Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами. 23Од Тиверијада пристигнаа други бротчиња, близу до местото каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари. 24И кога народот виде дека таму ги нема ни Исуса ни Неговите ученици, влегоа во корабите и пристигнаа во Капернаум, за да Го бараат Исуса. 25Кога Го најдоа на другата страна на морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде тука?“ 26Во одговор Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Ме барате не затоа што ги видовте чудните знаци, туку дека ги јадевте лебовите и се наситивте. 27Рабо-тете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Чове-чкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!“ 28Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?“ 29Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.“ 30Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?“ 31Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.“ 32Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото. 33Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ 34Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.“ 35Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни. 36Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате. 37Сѐ што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам; 38зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил. 39А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сѐ што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден. 40Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“
41Тогаш Јудејците роптаа против Него зашто рече: „Јас Сум лебот што слезе од небото“, 42и зборуваа: „Не е ли овој Исус, синот Јосифов, чии татко и мајка ги познаваме? Како вели сега: ‘Слегов од небото?’ 43Исус одговори и им рече: „Не роптајте меѓу себе. 44Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 45Кај пророците е напишано: ‘Сите ќе бидат научени од Бога.’ Секој, кој чул од Таткото и научил, доаѓа при Мене. 46Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото. 47Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“
48“Јас Сум Лебот на животот. 49Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа. 50Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. 51Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ 52Тогаш Јудејците се препираа меѓу себе и велеа: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да го јадеме?“
53Тогаш Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Човечкиот Син и не ја пиете Неговата крв, не ќе имате живот во себе. 54Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинско питие. 56Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв - останува во Мене и Јас во него. 57Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене. 58Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ 59Ова го рече кога поучуваше во Капер-наум, во синагогата.
Зборови на вечен живот
60Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слу-ша?“ 61Бидејќи Исус знаеше во Себе дека Неговите ученици негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? 62А ако Го видите Човечкиот Син да се вознесува горе - каде што бил порано? 63Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот. 64Но има некои од вас, кои не веруваат. „Зашто Исус знаеше од почеток кои не веруваат и кој ќе Го предаде. 65И рече: „Затоа ви реков, дека никој не може да дојде при Мене, ако не му е дадено од Мојот Татко.“
66Оттогаш мнозина од Неговите ученици се вратија и не одеа веќе со Него. 67А Исус им рече на Дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“ 68Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот. 69Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“ 70Исус им одго-вори: „Зар не ве избрав Јас - Дванаесетмината? Но еден од вас е ѓавол.“ 71А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, еден од Дванаесетте, сакаше да Го предаде.

Currently Selected:

ЈОВАН 6: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in