YouVersion Logo
Search Icon

ЕРЕМИЈА 42

42
3. Предупредување против барање прибежиште во Египет
1Тогаш сите воени заповедници, особено Јоанан, синот Кариов, и Езаниј, синот Осаев, и сиот народ, мало и големо, пристапија 2и му рекоа на пророкот Еремија: „Чуј ја внимателно нашата молба! Моли се за нас пред Господа, својот Бог, за сиот овој Остаток, зашто, како што гледаш и самиот, нѐ остана уште сосем малку од големиот број колку што нѐ имаше некогаш. 3Нека Господ, твојот Бог, ни објави каде да тргнеме и што треба да правиме.“
4Пророкот Еремија им одговори: „Се согласувам, ќе Му се помолам, како што рековте на Господа, вашиот Бог, и ќе ви јавам сѐ што Тој ќе ви одговори, ниеден збор нема да ви скријам.“ 5Тие пак му рекоа на Еремија: „Господ нека биде вистински и веродостоен сведок против нас ако не постапиме сосем според зборовите што Господ, твојот Бог, ќе ни ги соопшти преку тебе. 6Било да е поволен или неповолен гласот на Господа, нашиот Бог, кај Кого те праќаме, ние ќе го слушаме, за да ни биде добро, зашто го послушавме гласот на Господа, нашиот Бог.“
7По десет денови Господовото слово му дојде на Еремија. 8Тогаш тој ги повика Јоанан, синот Кариов, сите воени заповедници кои беа со него, и сиот народ, мало и големо, 9па им рече: „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог, Кому ме испративте за да ја излеам пред Него вашата молба: 10‘Ако бидете живееле мирно во оваа земја, ќе ве подигнам, и нема веќе да ве разурнам; ќе ве посадам, а нема да ве откорнам. Зашто се сожалив за бедата што ви ја сторив. 11Не бојте се од вавилонскиот цар од кого се плашите. Не бојте се од него - говори Господ - зашто Јас Сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговите раце. 12И Јас ќе ви покажам милост да ви се смилува и да ве пушти да живеете во оваа земја.’
13Ако пак речете: ‘Не, ќе останеме во оваа земја,’ не покорувајќи Му се на гласот на Господа, својот Бог, 14ако речете: ‘Не, одиме во Египет, за да не видиме веќе војна, за да не го чуеме веќе гласот на бојниот рог, за да не бидеме веќе гладни за леб; да одиме онаму.’ 15Тогаш чујте го Господовото слово, вие кои сте Остаток на Јудеја: „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Ако одлучивте да тргнете во Египет, за да живеете таму, 16мечот од кој се плашите, ќе ве стигне во Египетската Земја; гладот од кој се страшите, ќе ви биде зад петиците во Египет: и таму ќе умрете! 17И сите оние кои ќе решат да отидат во Египет и да се населат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор: никој жив не ќе ѝ избега на несреќата што ќе ја навалам врз нив.’
18Зашто вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Како што Мојата расрденост и Мојот бес се оборија врз Ерусалимците, така Мојот гнев ќе се излее и врз вас ако тргнете во Египет: ќе станете проклетство, ужас и клетва и потсмев, а ова место никогаш веќе не ќе го видите.’ 19Вам, кои сте остаток на Јудеја, Господ ви порачува да не одите во Египет. Знајте добро дека денес бев сведок против вас. 20Зашто самите себе се измамувате. Та вие ме испративте кај Господа, својот Бог, велејќи: ‘Моли се за нас пред Господа, нашиот Бог, и соопшти ни сѐ што Тој ќе ти објави, и ние ќе го направиме тоа.’ 21А денес ви објавив, ама вие веќе не го слушате гласот на Господа, вашиот Бог, Кој ме испрати кај вас. 22И така, знајте добро: ќе загинете од меч, од глад и од помор во местото каде што сакате да одите, за да се населите таму.“

Currently Selected:

ЕРЕМИЈА 42: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in