YouVersion Logo
Search Icon

ЕРЕМИЈА 29

29
ѓ. Зборови на Еремиево послание до преселници
1Еве, овие се зборовите во посланието што пророкот Еремија му го испрати од Ерусалим на Остатокот на заточението - на старешините, на свештениците и на пророците и на сиот народ, кого што Навуходоносор го одведе од Ерусалим во Вавилон, 2откако царот Јехониј и царицата-мајка, дворјаните, јудејските и ерусалимските првенци, ковачите и браварите, го оставија Ерусалим. 3Писмото беше испратено по Еласа, синот Сафанов, и по Гемариј, синот Хелкиин, кои што Седекиј, јудејскиот цар, ги испрати во Вавилон при Навуходоносор, вавилонскиот цар. Еве ја содржината: 4„Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘До сите заточеници, кои ги одведов од Ерусалим во Вавилон! 5Градете куќи и населете се, садете градини и уживајте го нивниот род! 6Женете се и раѓајте синови и ќерки, за да раѓаат и тие синови и ќерки! Множете се за да не се намалите! 7Барајте мир во земјата во која ве заточив, молете Му се на Господа за неа, зашто врз нејзиниот мир почива и вашиот мир!’ 8Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Не оставајте да ве измамуваат вашите пророци, кои се меѓу вас, вашите гатачи! Не поведувајте се по соништата што тие ги сонуваат! 9Зашто тие пророкуваат лажно во Мое Име, а Јас не ги испратив’ - зборува Господ. 10Зашто Господ зборува вака: ‘Токму кога на Вавилон ќе му се исполнат оние седумдесет години, Јас ќе ве посетам та ќе ви го исполнам доброто ветување за да ве вратам на ова место. 11Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас - зборува Господ - замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж. 12Тогаш ќе Ме повикувате, ќе доаѓате кај Мене, ќе Ми се молите, и Јас ќе ве слушам. 13Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце. 14И ќе оставам да Ме најдете - зборува Господ, ќе ја изменам вашата судбина и ќе ве соберам од сите места каде што ве истерав, зборува Господ. И ќе ве вратам во местото откаде ве одведов на заточение.
15Навистина, вие велите: „Господ ни подигна пророци во Вавилон.“ 16Вака му зборува Господ на царот кој седи на Давидовиот престол, и на сиот народ што живее во овој град - на вашите браќа што не дојдоа со вас на заточение. 17Вака зборува Господ над Војските: ‘Еве испраќам врз нив меч, глад и помор; ќе направам да бидат како расипани смокви, толку лоши што да не се за јадење. 18И ќе ги гонам со меч, глад и помор, и ќе ги направам за ужас на сите земни царства, проклетство, страв, потсмев и срам за сите народи каде што ќе ги изгонам. 19Зашто не ги послушаа Моите зборови - зборува Господ - иако им ги праќав постојано Своите слуги пророците, но тие не ги послушаа - говори Господ. 20Но вие, заточениците, што ги испратив од Ерусалим во Вавилон, послушајте го сите Господовото слово!’ 21Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог, за Ахав, синот Колаин, и за Седекија, синот Масиин, кои ви пророкуваат лага во Мое Име: ‘Еве, ги предавам во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, за да ги погуби пред вашите очи. 22И со нив како со клетва ќе се проколнуваат сите заточеници кои се во Вавилон: „Господ нека направи со тебе како со Седекија и Ахав, кои што вавилонскиот цар ги испече на оган,“ 23зашто направија срам во Израел, правејќи прељуба со жените на своите ближни и зборувајќи лажни зборови во Мое Име, што Јас не им ги заповедав. Јас го знам тоа, и сведок Сум за тоа’ - зборува Господ.
24А на Неламецот Семај ќе му порачаш: 25Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Ти во свое име му испрати писма на сиот народ што е во Ерусалим, и на свештеникот Софониј, синот Масиин, и на сите други свештеници: 26„Господ те постави свештеник на местото на свештеникот Јодај за да бидеш надгледник, во Господовиот Дом, за секој безумник кој се прави пророк да го фрлиш во клади, со железо околу вратот. 27И така, зошто не го спречи Еремија од Анатот, кој се прави меѓу вас пророк? 28Та тој ни испрати порака во Вавилон: ‘Долго ќе трае: Градете куќи и населете се! Садете градини и уживајте го нивниот плод!’“
29Свештеникот Софониј му го прочита писмото на пророкот Еремија. 30Тогаш му дојде на Еремија Господово слово: 31„Испрати им ја на сите заточеници оваа вест: ‘Вака зборува Господ за Неламецот Семај: „Зашто Семај ви пророкува та ви буди измамливи надежи, иако Јас не го испратив,“ 32Господ зборува вака: „Ќе ги казнам Неламецот Семај, него и неговото потомство: никој не ќе му остане среде овој народ за да ја доживее среќата што ја подготвувам за Својот народ - зборува Господ - зашто проповедуваше буна против Господа.“‘“

Currently Selected:

ЕРЕМИЈА 29: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in