YouVersion Logo
Search Icon

СУДИИ 12

12
8. Раздори со Ефремово племе. Шиболет (клас) или сиболет
1Тогаш се собраа луѓе од Ефремовото племе, го поминаа Јордан при патот кон Сафон и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во бој против Амонците, а нас не нѐ повика да дојдеме со тебе? Ќе ти ја изгориме куќата заедно со тебе!“ 2Јефтај им одговори: „Имавме голем спор, јас и мојот народ, и Амонците нѐ угнетуваа тешко. Ве повикав на помош, но вие не ме избавивте од нивните раце. 3Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?“ 4Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.“ 5Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,“ Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?“ Ако речеше тој: „Не сум,“ 6тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!“ (клас). Тој велеше: „Сиболет,“ зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе. 7Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад. Љ. Десетти судија - Авесан 8По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем. 9Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години. 10Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем. М. Единаесетти судија - Елон 11По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години. 12Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја. Н. Дванаесетти судија - Авдон 13По него судија во Израел беше Авдон, синот Елилов од Фаратон. 14Тој имаше четриесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња. Тој му судеше на Израел осум години. 15Потоа почина Авдон, синот Елилов од Фаратон, и го погребаа во Фаратон во Ефремовата Земја, во Амаликовата Гора.

Currently Selected:

СУДИИ 12: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in