YouVersion Logo
Search Icon

ИСАИЈА 5

5
В. Јудина неверност
1. Приказна за лозје
1Ќе му ја запеам на својот возљубен, песната на мојот љубен, на неговото лозје: Мојот љубен имаше лозје на плодно ритче. 2Го ископа, ги исчисти камењата, го засади со благородна лоза. Среде него тој изгради стражарница, и стави пивница во него. Се надеваше дека ќе роди добро грозје, но тоа роди диво грозје. 3„Сега ерусалимски жители и луѓе Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје. 4Што можев уште да направам за Своето лозје па што веќе не го направив? Се надевав дека ќе роди добро грозје, а ете, роди кисело грозје? 5Но, сега ќе ви кажам што ќе направам од Своето лозје: ќе му го отстранам плетот, за да го опустат, ќе го разурнам ѕиданото, за да го изгазат. 6Ќе го претворам во пустина, ни режано ни ископано, нека зарасте сето во трниште и трње; ќе им забранам на облаците да не леат дожд на него.“ 7Лозјето на Господа над Воинствата е Израелевиот дом; Неговиот избран расад: луѓето Јудејци. Тој чекал правдосудство, а ете крвопролевање; чекал правда, а ете пискот.
2. За седум Јудини гревови
а. Лакомост и самољубие
8Тешко ви вам што приближувате куќа до куќа и што составувате нива со нива, додека не го заземете сето место па да станете единствени во земјата. 9Господ над Војските ми рече во моите уши: „Навистина, многу куќи ќе опустат, големи и убави ќе бидат без жители. 10Десет рала лозје ќе дадат само бочвенце, а мерка семе ќе даде само меричка.“
б. Попуштање на сопствени слабости
11Тешко им на тие кои стануваат рано наутро, одат по жесток пијалак и седат доцна во ноќта распалени со виното. 12На гозбите им се: харфи и псалтири, тапанчиња и кавалчиња покрај виното, а не се грижат за Господовото дело, не го гледаат делото на Неговите раце. 13Затоа Мојот народ ќе биде одведен во ропство, зашто нема разумност, неговите првенци ќе умираат од глад, неговите луѓе ќе горат од жед. 14Да, Подземјето ќе го отвори своето грло, ќе ја рашири устата неизмерно за да паднат главечки во него неговите првенци и мноштвото, со сета врева и веселба! 15Смртникот ќе се наведне, човекот ќе се понижи, погледот на силните ќе се сврти надолу. 16Господ над Воинствата ќе се возвиши во суд, и Светиот Бог ќе ја открие Својата светост во правда. 17Јагнињата ќе пасат како на пасиштата, а туѓинците ќе јадат по богаташките урнатини. 18Тешко им на оние кои ја влечат вината врз себе со воловски јажиња и гревот со колски јажиња - 19на оние што говорат: „Нека поита, нека побрза со Своето дело, за да го видиме, нека се приближи и нека го заврши наумот на Израелевиот Светец, за да знаеме!“ 20Тешко им на оние што злото го наречуваат добро, а доброто зло, кои прават светлина од темнината, а од светлината темнина, што горчливото го прават благо, а благото горчливо! 21Тешко им на оние кои се мудри во сопствените очи и умни само пред себе! 22Тешко им на оние кои се силни во виното и јунаци во мешањето на силните пијалаци; 23и на оние кои го бранат виновниот за поткуп, а праведникот го лишуваат од правдата!
3. Божји суд над Јуда
24Затоа, како што огнот ја проголтуваат сламата, и како што сувата трева исчезнува во пламенот, така ќе изгние нивниот корен, нивната папка ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија Законот на Господа над Воинствата и го презреа Словото на Израелевиот Светец. 25Затоа се распали Господовиот гнев против Неговиот народ, и Тој крена рака на него и го удри, па се стресоа горите: нивните стебла лежат по улиците како отпадоци, но Неговиот гнев уште не се смири, и раката Му е уште крената. 26Тој го крена военото знаме на далечен народ, му свирна на крајот на земјата и ете: бргу, подготвено ита. 27Кај него нема преморен ни капнат, ни дремлив ниту сонлив, не го отпашува појасот околу половината, не ги одврзува ремењата на обувките. 28Стрелите му се добро заострени, сите лакови му се оптегнати, копитата на неговите коњи се кремен, колцата на неговите бојни коли се виор. 29Рикањето му е како на лав и рика како млади лавови, ‘ржи, го грабнува пленот и го однесува, а нема никој да му го истрга. 30Во оној ден ќе ‘ржи на него, како што бучи морето. Погледнеш ли ја земјата - сѐ темнина, и неволја, облачна темнина ја проголта светлината.

Currently Selected:

ИСАИЈА 5: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in