YouVersion Logo
Search Icon

ИСАИЈА 16

16
2. Гордост и паѓање на Моав
1Праќајте му јагниња на владетелот на земјата, од Стената кон пустината до гората на Сионската Ќерка. 2Како разбегани птици, како растурено гнездо, ќе биде моавската ќерка при Арнонските Бродови. 3Дај ни совет, донеси одлука! Среде пладне распрости ја својата сенка како ноќ. Засолни ги протераните, не предавај ги бегалците. 4Остави ги протераните да престојуваат при Тебе, Моаве, биди им закрила пред разурнувачот. Кога ќе докрајчи измачувачот, кога ќе го снема опустувачот, кога ќе исчезне угнетувачот од земјата, 5ќе се утврди престолот со милост и на него ќе седи верно, во Давидовиот шатор, судија кој ја бара правината и ја врши правдата.
6Чувме за Моавовата гордост, за прекумерна гордост, за гордоста, за надуеноста и за самонатценувањето, суетно е неговото фалење. 7Затоа ридаа Моавците за Моав сите тажат заедно, за низи од суво грозје од Кир-Аресет тажат горчливо поразени. 8Зашто овенаа есевонските ниви, сивамските лозја, и лисјата им ги исчукаа господарите на народите. Достигаа до Јазир, навлегуваа во пустината; неговите гранчиња се ширеа сѐ до морето. 9Затоа плачам за сивамското лозје како што плаче Јазир, јас те залевам со солзи, Есевон и Елеал! Зашто во времето на твојот гроздобер и на твојата жетва, нема веќе шумна радост, 10ги снема од плодоносното поле веселбата и радоста. Во лозјата не се пее весело, не се воскликнува од радост; не се гнече грозјето во садовите молкна подвикувањето. 11Затоа мојата утроба за Моав трепери како харфа, а моите гради за Кир-Ерес.
12Напразно се покажува Моав, се изморува на високите места, доаѓајќи во светилиштето за да се моли: ништо не ќе постигне.
13Ова е словото што некогаш Господ го рече против Моав. 14А сега Господ зборува вака: „За три години, наемнички години, Моавовата слава, со сето негово големо мноштво, ќе потемни, а што ќе остане од неа, ќе биде малечко, слабо и немоќно.“

Currently Selected:

ИСАИЈА 16: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in