YouVersion Logo
Search Icon

ИСАИЈА 13

13
КНИГА НА ПРОРОШТВА ЗА МНОГУБОЖЕЧКИ НАРОДИ
13:1-23:18
А. Прво пророштво за Вавилон
1. Гибел на Вавилон
1Бреме против Вавилон што го виде Исаија, синот Амосов. 2„На голо брдо кренете знаме, викајте им со сето грло, мавтајте со рацете за да влезат низ кнезовските врати. 3Јас им дадов заповед на Своите избраници, кон Својот гнев ги повикав Своите јунаци, кои го слават Моето величество.“ 4Чуј! Врева на планините како од мноштво народ. Чуј! Шум од царствата на собраните народи. Господ над Воинствата ја прегледува војската за бој. 5Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.
6Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сѐмоќниот. 7И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува, 8стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен. 9Ете доаѓа лутиот Господов Ден гнев и јарост - за да ја претвори земјата во пустина, за да ги истреби грешниците од неа. 10Зашто небесните ѕвезди а ни соѕвездијата не ќе блескаат веќе со светлина, сонцето ќе потемнее изгревајќи, и месечината не ќе свети веќе. 11„Ќе го казнам светот за злото, безбожниците за беззаконието, ќе ја докрајчам горделивоста на горделивите, ќе ја понижам надуеноста на силниците. 12Човекот ќе биде поредок отколку пречистено злато, смртникот поредок од офирското злато. 13Ќе ги разнишам небесата, ќе се помрдне земјата од местото, од гневот на Господа над Воинствата, во денот на пламнатата Му јарост. 14И тогаш, како исплашена газела, како овци што никој не ги собира, секој ќе му се врати на својот народ, секој ќе избега во својата земја. 15Кого ќе го стигнат, ќе го пронижат, кого ќе го фатат, ќе го исечат со меч; 16пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените.
17Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото. 18Сите момчиња ќе бидат покосени, сите девојки сотрени, не ќе му се смилуваат на плодот на утробата, не ќе им се сожали окото на децата. 19Вавилон, украс на царствата, убавина и горделивост халдејска, ќе биде како Содом и Гомор кога Бог ги сотре. 20Никогаш веќе не ќе биде со жители, од род до род ќе остане ненаселен. Арабјанецот не ќе подига таму шатор, ниту пастирите ќе одморуваат таму. 21Пустинските ѕверови ќе почиваат таму, бувовите ќе им ги наполнат куќите, ноевите ќе живеат таму, јарците ќе играат таму. 22Хиените ќе вијат во неговите замоци, а чакалите во раскошните дворци. Неговото време наближува, деновите нема да му бидат продолжени.

Currently Selected:

ИСАИЈА 13: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in