YouVersion Logo
Search Icon

ЕВРЕИТЕ 1

1
1Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, 2Кого Го постави за наследник на сѐ и преку Кого ги создаде и вековите. 3Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој носи сѐ со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините, 4и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.
Христос е повозвишен од ангелите
5Зашто, кому од ангелите некогаш му рекол: „Ти си Мој Син; Јас Те родив денес“ и пак: „Јас ќе Му бидам Татко и Тој ќе ми биде Син?“ 6И пак, кога Го воведе Првородениот во светот, вели: „И да Му се поклонат сите Божји ангели! 7А за ангелите вели: „Кој Своите ангели ги прави ветрови и Своите слуги огнен пламен.“ 8А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство. 9Ја возљуби правдата, а го замрази беззаконието, затоа, о Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста, повеќе од Твоите соучесници“, 10и: „Ти, Господи во почеток ја основа земјата, и небесата се дело на Твоите раце. 11Таа ќе помине, а Ти остануваш. И сета ќе остари како облека, 12и ќе ги свиткаш како наметка, и тие ќе се изменат. А Ти си секогаш ист и Твоите години нема да се свршат.“ 13А кому од ангелите некогаш му рекол: „Седни Ми оддесно додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе?“ 14Не се ли тие сите службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението?

Currently Selected:

ЕВРЕИТЕ 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in