YouVersion Logo
Search Icon

БИТИЕ 23

23
Сáрина смрт и погреб
1Должината на Сáриниот живот беше сто дваесет и седум години. 2Сáра умре во Киријат Арва, односно во Хеврон, во Ханаанската Земја; и Авраам жалеше за Сáра и тажеше по неа. 3Потоа Авраам се крена од пред својата покојница и им прозбори на Хетевите синови: 4„Иако сум јас населен странец меѓу вас, продајте ми земја за гроб среде вас, така да можам да ја изнесам својата покојница и да ја погребам.“ 5А Хетевите синови му одговорија на Авраама и му кажаа: 6„Послушај нѐ, господару! Ти си Божји избраник во наша средина. Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб. Никој од нас нема да ти го откаже својот гроб, за да можеш да ја погребеш својата покојница.“ 7Тогаш Авраам стана и длабоко им се поклони на месните жители, на Хетевите синови 8и им рече: „Ако се согласувате со мене да ја отстранам својата покојница и да ја погребам, чујте ме: заземете се за мене пред Саровиот син Ефрон, 9за да ми ја продаде пештерата Махпела, што му припаѓа нему, а се наоѓа на крајот на неговата нива; нека ми ја продаде, по полна цена, во ваше присуство, во сопственост за погребение.“ 10А Ефрон седеше меѓу Хетевите синови. Потоа Ефрон, Хетеец, му одговори на Авраама, за да чујат Хетевите синови со свои уши - сите што седеа во советот на оној град: 11„Не, мој господару! Послушај ме! Јас ти ја давам нивата и пештерата што е во неа; ти го подарувам тоа пред сите синови на својот народ. Погреби ја својата покојница.“ 12Авраам им се поклони длабоко на месните жители, 13а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!“ 14Ефрон му одговори на Авраама: 15„Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!“ 16Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера. 17И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата - 18преминаа во сопственост на Авраама, на очиглед на Хетевите синови, на сите кои седеа во советот на својот град. 19А тогаш Авраам ја погреба својата жена Сáра во пештерата на нивата Махпела, спроти Мамвриј, а тоа е Хеврон, во Ханаанската Земја. 20Така нивата и пештерата во неа, преминаа од Хетевите синови во сопственост на Авраама за погребување.

Currently Selected:

БИТИЕ 23: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in