YouVersion Logo
Search Icon

ЕЗРА 10

10
3. Решение на дело за иноплемени жени
1Додека Езра се молеше и ги признаваше гревовите, плачејќи и лежејќи пред Божјиот Дом, се собраа околу него многу Израелци, мажи, жени и деца: и народот плачеше горчливо. 2Тогаш Сеханиј, синот Јехилов, еден од Еламовите синови, земајќи збор му рече на Езра: „Ние го изневеривме нашиот Бог женејќи се со туѓинки од народите на земјата. Но уште има надеж за Израел. 3Да го обновиме сега Заветот со нашиот Бог: да ветиме - според советот на мојот господар и на оние, кои чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог - дека ќе ги отпуштиме своите жени туѓинки и децата што ги родиле. И така, да направиме по Законот! 4Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!“ 5Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.
6Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците. 7Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим: 8а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.
9Така се собраа сите луѓе од Јуда и Венијамин за три дни во Ерусалим. Тоа беше во деветтиот месец, во дваесеттиот ден на месецот. Сиот народ се смести на ширината пред Божјиот Дом, треперејќи заради сѐ тоа и заради буен дожд. 10Тогаш, откако стана, свештеникот Езра им рече: „Вие направивте престап кога се оженивте со туѓинки. Така го зголемивте Израелевиот грев! 11Но сега заблагодарете Му на Господа, на Бога на своите татковци, и извршете ја Неговата волја па разделете се од народите на земјата и од жените иноплеменички.“ 12Сето собрание одговори со силен глас: „Да, должност ни е да направиме според твојот совет! 13Но има многу народ, и дождот доаѓа: не може да се стои надвор. Освен тоа, таа работа не е за ден-два, зашто нѐ има многу, кои згрешивме во тоа. 14Нашите главатари можат да нѐ застапуваат на заедничкиот собир: сите кои се оженети, по нашите градови, со туѓинки, можат да дојдат во одредено време во придружба на старешините и судиите на секој град, сѐ додека не го одвратиме гневот на нашиот Бог заради ова.“ 15Само Јонатан, син Асаилов, и Јазиј, син Текуев, се спротивија, а Месулам и левитот Саветај ги поткрепуваа.
16Повратниците направија така: се разделија. Свештеникот Езра ги избра за помошници главатарите на татковските домови, и сите беа одредени по име. Почнаа да заседаваат од првиот ден на десеттиот месец, за да испитаат сѐ. 17И во првиот ден на првиот месец завршија со сите, кои се беа ожениле со туѓинки.
4. Список на свештеници, кои имаа иноплемени жени
18Еве кои беа женети со туѓинки меѓу припадниците на свештенството: меѓу синовите на Исуса, син Јоседеков: Масиј, Елиезер, Јарив и Гедалиј; тие ја дадоа својата рака дека ќе ги отпуштат своите жени и дека за својот грев ќе принесат овен за престап. 20Од Имировите синови: Ананиј и Зевадиј; 21од Харимовите синови: Масиј, Илија, Семај, Јехиел и Озиј; 22од Пасхоровите синови: Елјоенај, Масиј, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа.
23Од левитите: Јозавад, Симеј, Келај - наречен Келита - Петај, Јуда и Елиезер. 24Од певците: Елијасив. Од вратарите: Салум, Телем и Уриј.
25А меѓу Израелците: од Фаросовите синови: Рамиј, Језиј, Малхиј, Мијамин, Елеазар, Малхиј и Венај; 26од Еламовите синови: Матаниј, Захариј, Јехиел, Авдиј, Јеромот и Илија; 27Од Затовите синови: Елјоенај, Елијасив, Матаниј, Јеримот, Завад и Азиза; 28од Виваевите синови: Јоанан, Ананиј, Завај и Атлај; 29од Вониевите синови: Месулам, Малух, Алај, Јасув, Сеал и Рамот; 30Од Фат-Моавовите синови: Адна, Хелал, Венај, Масиј, Матаниј, Везелеил, Винуј и Манасиј; 31од Харимовите синови: Елиезер, Јесиј, Малхиј, Семај, Симеон; 32Венијамин, Малух, Семариј; 33од Асумовите синови: Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасиј и Симеј; 34од Ваниевите синови: Мадај, Амрам и Јоел; 35Венаја, Ведеј, Хелу, 36Ванија, Меримот, Елијасив, 37Матаниј, Матенај и Јасав; 38од Винуевите синови: Симеј, 39Селемиј, Натан и Адај; 40од Закаевите синови: Сасај, Сарај, 41Азареил, Селемиј, Семарија, 42Салум, Амариј, Јосиф; 43од Невовиевите синови: Јесиел, Матаниј, Завад, Зевина, Јадав, Јоел и Венај. 44Сите овие беа женети со туѓинки; а некои од овие жени им родија и деца.

Currently Selected:

ЕЗРА 10: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in