YouVersion Logo
Search Icon

ЕЗЕКИЕЛ 44

44
Ѓ. Закони за Светилиште
1. Источна врата и кнез
1Потоа ме одведе назад кон надворешната врата на Светилиштето, што гледаше кон исток: беше затворена. 2И Господ ми рече: „Оваа врата ќе биде затворена; нека не се отворува, и никој нека не влегува низ неа, зашто Јас, Господ, Израелевиот Бог, поминав низ неа - затоа нека биде затворена. 3Само кнез, зашто е кнез, смее да седне тука и да јаде пред Господа; тогаш нека влезе низ тремот на вратата и нека излезе по истиот пат.“
2. Исклучување на необрезани
4Потоа ме одведе кон северната врата пред Домот. Погледнав, и ете: Господовата Слава го беше наполнила Господовиот Дом. Паднав на лице. 5Господ ми рече: „Човечки сине, внимавај грижливо, гледај добро и слушај внимателно што ќе ти речам за сите уредби на Господовиот Дом и за сите Негови закони. Внимавај добро кој смее да влезе во Домот и кој е одделен од Светилиштето. 6Речи му на бунтовничкиот род, на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „Веќе се премногу вашите гадости, Израелев дому! 7Воведувате туѓинци, со необрезано срце и со необрезано тело, та влегоа во Моето Светилиште и го обесветија Мојот дом додека вие ги принесувавте Мојот леб и мрсното и крвта, и така го раскинавте Мојот Завет, со сите тие расипаности. 8Самите не ја чувавте Мојата светина, туку нив ги наместивте место себеси како чувари во Моето Светилиште.“ Господ Бог зборува вака: „Ниеден туѓинец, со необрезано срце и со необрезано тело, веќе да не влегува во Моето Светилиште - ниеден туѓинец кој живее меѓу Израелевите синови.
3. Исклучување на левити - идолопоклоници
10А левитите, кои се оддалечија од Мене, тогаш кога Израел заскита од Мене по своите идоли, ќе го носат своето беззаконие. 11Ќе служат во Светилиштето само како стражари при вратите на Домот и како прислужници во Домот: ќе му колат на народот паленици и други жртви и ќе му бидат на служба. 12Им служеа пред нивните кипови и така го наведоа Израелевиот дом на беззаконие. Затоа ја подигнав раката против нив - говори Господ Бог - да го носат своето беззаконие. 13Веќе не ќе пристапуваат кон Мене за да Ми служат како свештеници, и не ќе им приоѓаат веќе на Моите најсвети светини, туку ќе ја носат својата срамота и расипаностите што ги направија. 14Ќе ги поставам да работат во Домот секаква работа и сѐ што треба да свршат во Него.
4. Служење на левити, Садокови синови: нивни должности
15Свештениците левити, Садоковите потомци, кои Ми служеа верно во Моето Светилиште, кога Израелевите синови отскитаа од Мене - тие смеат да Ми пристапуваат кон Мене за да Ми служат: ќе служат пред Мене принесувајќи Ми мрсно и крв - говори Господ Бог. 16Тие смеат да влегуваат во Моето Светилиште и да пристапуваат кон Мојот стол, за да Ми служат и за да вршат службата. 17Кога ќе влегуваат низ вратата на внатрешниот двор, нека облечат ленени облеки: нека нема врз нив ништо волнено кога ќе служат при вратата на внатрешното предворје и на Домот. 18Нека носат ленени капи на главите, ленени гаќи околу половината: нека не се препашуваат со ништо од што би се потеле. 19Кога ќе излегуваат во надворешниот двор кон народот, нека ги соблечат облеките во кои што служеа и нека ги остават во просториите на Светилиштето, а нека облечат други облеки, за да не го посветат народот со своите облеки. 20И нека не ги бричат главите, а нека не пуштаат ни долги коси туку нека ја стрижат косата. 21И ниеден свештеник, кога треба да влезе во внатрешниот двор, нека не пие вино. 22Нека не се женат со вдовица или со разведена, туку само со девојка од Израелевиот род или со свештеникова вдовица. 23Нека ми го учат народот: да го разликуваат светото од несветото, да го делат нечистото од чистото. 24Тие нека бидат судии во спорови: нека судат по Моите закони и нека ги чуваат законите и уредбите за сите Мои празници, и нека ги празнуваат Моите саботи. 25Нека не пристапуваат кон мртовец, за да не се онечистат; смеат да се обесветуваат само за татко и за мајка, за син и за ќерка, за брат и за сестра уште немажена. 26Потоа, откако некој ќе се очисти нека му се бројат седум денови: 27а тогаш, кога ќе влезе во Светилиштето, во внатрешниот двор, за да служи во Светилиштето, нека принесе жртва за грев“ - зборува Господ Бог.

Currently Selected:

ЕЗЕКИЕЛ 44: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in