YouVersion Logo
Search Icon

ЕЗЕКИЕЛ 40

40
ВИДЕНИЕ НА НОВО БОЖЈО ЦАРСТВО
40:1-48:35
А. Градење на нов храм
1. Вовед
1Во дваесет и петтата година на нашето ропство, во почетокот на годината, во првиот месец, во десеттиот ден, а во четиринаесеттата година откако падна градот, токму во оној ден, Господовата рака се спушти на мене. 2И ме одведе во божествен привид во Израелевата Земја, та ме постави на многу висока гора. На неа, од јужната страна, беше нешто како соѕидан град. 3Ме поведе натаму, и ете, човек блескав како бронза, стоеше на вратата, со ленено јаже и со мерачка трска во раката. 4И тој човек ми рече: „Човечки сине, гледај со своите очи и слушај со своите уши, запомни сѐ што ќе ти покажам, зашто си доведен тука за да ти покажам. Извести му на Израелевиот дом сѐ што ќе видиш тука.“
5И ете, здание сето наоколу препашано со ѕид. Човекот држеше во раката мерачка трска од шест лакти, а секој лакот беше подолг од една дланка од обичниот лакот. Тој го измери зданието. Широчина: една трска, височина: една трска.
2. Надворешен двор: источна врата
6Потоа отиде кон вратата што беше свртена кон исток. Се искачи по скалите и го измери прагот на вратата. Широчина: една трска. 7А секоја соба долга една трска и широка една трска. Меѓу собите: пет лакти. Прагот на вратата од страната на нивниот трем, одвнатре една трска. 8Го измери тремот на вратата одвнатре: беше широк осум лакти; 9а неговите полустолбови два лакти. Тремот на вратата беше од внатрешната страна. 10На секоја страна на источната врата беа по три соби. И сите три беа со иста мерка. Така и полустолбовите: од двете страни беа со иста мерка. 11Потоа ја измери вратата: беше широка десет лакти и висока тринаесет лакти. 12Пред собите имаше ограда од еден лакот од едната и од другата страна. Секоја соба шест лакти од едната, и шест лакти од другата страна. 13А потоа ја измери вратата од задната страна на спротивната соба, во широчина: беше дваесет и пет лакти, врата спроти врата. 14Го измери и тремот: дваесет лакти. Дворот беше сѐ околу тремот на вратата. 15Од влезната страна на вратата до спротивната страна на нивниот трем беа педесет лакти. 16На собите и на нивните довратници, од внатрешната страна сѐ наоколу, а исто така и во тремот, имаше прозорци со решетки. Таквите прозорци беа одвнатре сѐ наоколу, а на полустолбовите, палми.
3. Триесет соби околу двор
17Потоа ме одведе во надворешниот двор на Домот. И ете, сѐ околу дворот простории и плочник. Триесет простории врз плочник. 18Подот беше од секоја страна на вратата и му одговараше на рамништето на вратата. Тоа е долниот под. 18 Плочникот беше од секоја страна и му одговараше на рамништето на вратата. Тоа е долниот под. 19Тој ја измери широчината на дворот од долната врата до внатрешниот двор, од надворешната страна: сто лакти на исток и на север.
4. Северна врата на надворешен двор
20И ги измери широчината и должината на северната врата на надворешниот двор. 21А таа имаше по три соби од секоја страна, а нивните столбови и тремови со исти мерки како кај првата врата: во должина педесет лакти и во широчина дваесет и пет лакти. 22Нивните прозорци, тремови и палми беа со исти мерки како на источната врата, а на нивниот приод седум басамаци; тремот им беше од внатрешната страна. 23Внатрешниот двор имаше врата што беше спроти северната врата како и источната. Тој измери: меѓу едната и другата врата имаше сто лакти.
5. Јужна врата на надворешен двор
24Потоа ме одведе кон југ, и ете: таму врата. Ги измери таму собите, полустолбовите и тремовите: беа со иста мерка. 25Таа и нејзините тремови имаа сѐ наоколу прозорци што беа како и оние првите. Должината и тука изнесуваше педесет лакти, а широчината дваесет и пет. 26Кон вратите водеа седум басамаци; тремот им беше од внатрешната страна, а на столбовите имаа по една палма од секоја страна. 27Внатрешниот двор имаше една врата и од јужната страна. Тој измери: од таа врата до јужната врата - сто лакти.
6. Врата на внатрешен двор
28Потоа ме воведе низ јужната врата во внатрешниот двор. И ја измери јужната врата: беше со исти мерки. 29Собите, столбовите и тремовите беа со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина дваесет и пет лакти во широчина. 30А сѐ наоколу тремови: долги дваесет и пет лакти, а широки пет лакти. 31Тремовите се тегнеа кон надворешниот двор. На нивните полустолбови палми, а пристапот кон нив имаше осум басамаци.
32Потоа ме поведе кон источната врата на внатрешниот двор. И ја измери вратата: беа со исти мерки. 33Нивните соби, полустолбови и тремови беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Во должина беа педесет лакти, а во широчина дваесет и пет. 34Нивниот трем беше кон надворешниот двор. На нивните полустолбови од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.
35Потоа ме одведе кон северната врата. И ја измери: беше со исти мерки. 36Нивните соби, полустолбовите и тремовите беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина, а дваесет и пет во широчина. 37Тремот достигаше до надворешното предворје. На столбовите од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.
7. Столови за жртвопринесување
38Покрај столбовите на вратата имаше соба со посебен влез; таму ги миеја палениците. 39Во тремот на вратата од едната и од другата страна имаше по два стола за колење на паленици за грев и приноси за престапи. 40И од надворешната страна на оној кој влегува низ влезот на северната врата имаше два стола; а од другата страна, кон тремот на вратата, два стола. 41Четири стола од едната а четири стола од другата страна на вратата: вкупно осум столови, врз кои се колеа жртви. 42И четири стола за паленици, од делкан камен. Беа по лакот ипол широки и лакот високи. Врз нив стоеше приборот за колење на паленици и други жртви. 43Столовите беа орабени наоколу со жлепчиња од еден лакот, свртени кон внатре. На столовите се ставаше жртвено месо.
8. Соби за свештеници
44Потоа ме поведе во внатрешниот двор. Во внатрешниот двор беа две простории: едната беше на страната на северната врата, свртена кон југ, а другата на страната на јужната врата, свртена кон север. 45И тој ми рече: „Таа просторија што е свртена кон југ е одредена за свештениците, кои ја вршат службата во Домот. 46А просторијата што е свртена на север е за свештениците, кои ја извршуваат службата при жртвеникот. Тоа се Садоковите синови, оние помеѓу Левиевите синови, кои што смеат да Му пријдат на Господа за да му служат!“ 47Тој го измери дворот. Должина: сто лакти, широчина сто лакти; беше четириаглест. Пред Домот стоеше жртвеник.
9. Трем на храм
48А потоа ме поведе кон тремот, и ги измери полустолбовите на тремот: беа пет лакти на едната и пет лакти на другата страна. Вратата беше широка три лакти од едната и три лакти од другата страна. 49Тремот беше долг дваесет лакти, широк дванаесет лакти. Десет басамаци водеа натаму. На довратниците од една и од другата страна стоеше по еден столб.

Currently Selected:

ЕЗЕКИЕЛ 40: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in