YouVersion Logo
Search Icon

ЕЗЕКИЕЛ 10

10
3. Господова Слава го напушта Храмот
1Погледнав и ете, на сводот над главите на херувите се појави нешто како каменот сафир, како нешто слично на престол. 2И му прозбори на човекот облечен во ленено: „Влези меѓу колцата под херувите, земи полн грст жар меѓу херувите и истури ја над градот!“ - И тој пред моите очи влезе меѓу херувите. 3А херувите стоеја од десната страна на Домот кога човекот влезе меѓу нив. И облакот го исполни сиот внатрешен двор. 4А Славата Господова се крена од херувите кон прагот на Домот. Домот се исполни со облакот, а светлината на Господовата Слава го исполни дворот. 5Шумот на херувските крила се слушаше сѐ до надворешниот двор, како гласот на Сѐсилниот Бог, кога Тој зборува. 6А кога тој му заповеда на човекот облечен во ленено: „Земи оган меѓу колцата што се под херувите“, човекот влезе и застана покрај тркалата. 7Едниот херув ја протегна раката кон огнот, што беше меѓу херувите, го зеде и го стави во рацете на човекот облечен во ленена облека. Тој го прими и излезе. 8А под херувските крила се покажа нешто како човечка рака.
9Погледнав и ете: покрај херувите четири колца, по едно покрај секого. А тркалата беа слични на каменот хрисолит; 10сите четири со исти облик и како едното тркало да е во другото. 11При движењето можеа да одат во сите четири насоки, сѐ без завртување. Каде што ќе се насочеше главата, натаму би тргнале а да не требаа, движејќи се, да се вртат. 12Целото тело на херувите - плеќите, рацете, крилата и сите четири нивни колца - сѐ им беше насекаде наоколу полно со очи. 13А колцата, колку што чув, се викаа „Виор“. 14Секој имаше по четири лица: лицето на првиот херувско, лицето на вториот човечко, а во третиот лице лавско, во четвртиот орелско.
15Тогаш херувите се подигнаа во височините, тоа беше истото суштество што го видов покрај реката Хевара. 16Кога херувите ќе тргнеа, ќе тргнеа и тркалата покрај нив, кога херувите ќе замавтаа со крилата за да се подигнат од земјата, колцата не се отстрануваа од нив. 17Кога ќе застанеа, и тркалата се креваа, зашто духот на суштествата беше во нив.
18Тогаш Господовата Слава се крена од прагот на Домот и застана над херувите. 19Тогаш херувите ги раширија крилата и се поткренаа од земјата пред моите очи. А кога тие тргнаа, и колцата тргнаа по нив. И застанаа над источната врата на Господовиот Дом, а Славата на Израелевиот Бог беше над нив. 20Тоа беа истите суштества што ги видов во подножјето на Израелевиот Бог покрај реката Хевара. И така сознав дека тоа беа херуви. 21Во секого по четири лица и по четири крила, а под крилата нешто како човечка рака. 22Лицата им беа како оние што ги видов при реката Хевара. И секој се движеше напред.

Currently Selected:

ЕЗЕКИЕЛ 10: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in