YouVersion Logo
Search Icon

ЕСТИРА 5

5
ИЗБАВУВАЊЕ НА ЈУДЕЈЦИ
5:1-9:19
А. Естирино застапување
1. Естирина храброст пред цар
1Во третиот ден, откако прекрати да пости ги соблече молитвенитеоблеки и се облече во царската облека, и застана во внатрешниот трем на царевата куќа, спроти царскиот дом; а царот седеше на својот царски престол во царскиот дом, спроти влезот на куќата. 2И кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот; таа најде благодат пред него и царот го испружи златниот жезол што го држеше во раката, кон Естира; а Естира се доближи и се допре до крајот на жезолот. 3Царот рече: „Што тие тебе царице Естиро? Што сакаш? Ако е тоа и половина од царството, ќе ти биде!“ 4Естира одговори: „Царот ако му е мило, нека дојде со Амана на гозба што денес ја подготвив.“ 5Царот одговори: „Известете го веднаш Амана за да се исполни Естирината желба.“ Царот дојде со Амана на гозбата што ја подготви Естира.
6Додека пиеја вино, царот ѝ рече на Естира: „Што и да побараш ќе добиеш. Што и да посакаш, ако е тоа и половина од царството ќе ти биде!“ 7Естира одговори: „Мојата молба и желба е, 8ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.“
2. Аманова омраза кон Мардохеј
9Во тој ден Аман излезе среќен и со задоволно срце, но се расрди многу на Мардохеја кога виде дека при царската врата не стана ниту се помрдна пред него. 10Аман се совлада сепак. Отиде дома и испрати по своите пријатели и по својата жена Сереса. 11Им раскажуваше за блесокот на своето богатство, за мноштвото свои синови и за сѐ она со што царот го возвеличи и со што го издигна над сите свои кнезови и службеници. 12Аман уште додаде: „И царицата Естира не повика покрај царот никој друг, освен мене на гозбата што ја подготвила. И утре покрај царот само јас сум нејзин гостин. 13Но сѐ тоа не може да ме направи среќен додека го гледам Евреинот Мардохеј како седи при царевата врата.“ 14Неговата жена Сереса му рече, и сите негови пријатели: „Направи бесилка висока педесет лакти. Утре наутро побарај од царот нека го обесат на неа Мардохеја. Потоа оди среќен со царот на гозба.“ Советот му се виде добар на Амана, па тој нареди да се направи бесилката.

Currently Selected:

ЕСТИРА 5: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in