YouVersion Logo
Search Icon

ЕФЕСЈАНИТЕ 1

1
Вовед
1Павле, преку Божја волја апостол на Исуса Христа, до светите во Ефес и верните во Христа Исуса: 2благодат на вас и мир од Бога, нашиот Татко и од Господа Исуса Христа!
Химна на спасение во Христа
3Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места; 4зашто нѐ избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. 5Како што нѐ и определи однапред за да нѐ посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, 6за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува во Возљубениот, 7во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат, 8која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, - 9соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него, 10за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сѐ што е на небесата и што е на земјата - во Него, 11во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави сѐ по советот на Својата волја, 12за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христа. 13Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето. 14Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за пофалба на Неговата слава.
Павлова благодарност и молитва за верните
15Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети, 16не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви, 17та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него: 18и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите, 19и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила; 20чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места, 21далеку над секое началство, и власт, и сила, и господство и над секое име, кое се спомнува не само во овој свет, туку и во идниот. 22И сѐ Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за Глава над сѐ на Црквата, 23која е Негово Тело - полнота на Оној, Кој исполнува сѐ во сѐ.

Currently Selected:

ЕФЕСЈАНИТЕ 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in