YouVersion Logo
Search Icon

ПРОПОВЕДНИК 12

12
3. Повик кон живиот Бог
1И спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.“ 2Пред да се помрачат сонцето и светлината, месечината и ѕвездите, и да се вратат облаците по дождот. 3Во денот кога затреперуваат чуварите на куќите и се наведнуваат јунаците, и се здодеваат мелничарките, зашто се премалку, и се помрачуваат оние кои гледаат низ прозорците; 4кога се затвораат уличните врати, ослабува шумот на мелницата, кога стивнува пеењето на птиците и замруваат звуците на песната. 5Кога патот надолу е мака, и секое излегување закана; а бадемот е во цутење, и скакулецот не скока веќе, и бадемовиот плод пука, зашто човекот си оди во својот вечен дом! А тажачките веќе се движат по улиците.
6Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот; 7и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде. 8„Суета над суетите,“ вели Проповедникот, „сѐ е суета.“
ЗАКЛУЧОК: ЖИВОТ ВО СВЕТЛИНА НА ВЕЧНОСТ
12:9-14
А. Цел на Проповедникот
9А освен тоа, зашто самиот Проповедник беше мудар, тој и народот го учеше на мудрост, па измери, проучи и состави многу мудри изреки. 10Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината.
Б. Значение на Проповедниковите слова
11Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо. 12И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото.
В. Заклучен совет
13Да го чуеме завршниот збор за сѐ: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сѐ за човекот.“ 14Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in