YouVersion Logo
Search Icon

ВТОРОЗАКОНИЕ 34

34
Мојсеева смрт и погребение
1Потоа Мојсеј отиде од Моавските полиња на гората Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, каде што Господ му ја покажа целата земја: од Галад до Дан, 2сиот Нефталим, Ефремов и Мансиев крај, сета Јудина покраина до Западното Море; 3потоа Негев, подрачјето на Ерихонската Долина - Градот на палмите - до Сигор. 4Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.“ 5И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед. 6И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб. 7Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата. 8Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.
9А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја. 10Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице! 11Според сите оние знаци и чудеса во Египетската Земја, за кои Господ го праќаше да ги прави врз Фараонот, врз сите негови службеници и врз целата негова земја, 12според онаа негова силна рака и според сите оние големи застрашувачки дела, кои ги направи пред очите на целиот Израел.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in