ВТОРОЗАКОНИЕ 14
14
Чисти и нечисти животни
1„Вие сте синови на Господа, својот Бог. Не правете си врз себе врезаници ниту потстрижувања на челото за покојникот. 2Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.
3Не јадете ништо нечисто. 4Ова се животните што можете да ги јадете: волот, овцата, козата, 5еленот, срната, срнчето, козорогот, антилопата, биволот и дивата коза; 6можете да го јадете секое животно што има раздвоени копита - сосем раздвоени надве - и што прежива. 7Од преживарите или од животните со раздвоени копита само овие не смеете да ги јадете: камилата, зајакот и питомиот зајак. Имено, па иако преживаат немаат раздвоени копита, нека бидат нечисти за вас. 8А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша. 9А од сѐ, што живее во водата ова можете да јадете: сѐ што има лушпи и перки, можете да јадете. 10А што нема лушпи и перки не смеете да јадете. Тоа нека биде нечисто за вас.
11Секоја чиста птица можете да ја јадете. 12Ама овие не смеете да ги јадете: орелот-стрвник и јастребот, 13дивата кокошка, соколот од кој и да е вид; 14гавранот од било кој вид; 15нојот, јастребот кокошкар, галебот ни крагујот од било кој вид; 16бувот, утот и лебедот; 17неситот, белиот стрвинар и нуркачот; 18штркот, чапјата од било кој вид; пупунчето и лилјакот. 19Сите крилести бубачки нека бидат нечисти за вас. 20Сѐ крилесто чисто можете да јадете.
21Не смеете да јадете ништо што ќе пцовиса. Дај му го тоа на придојденикот кој престојува во твоите градови нека јаде, или пак продај му го на туѓинецот. Зашто ти си народ посветен на Господа, својот Бог. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.“
22„Одвојувај десеток од приходот секоја година сѐ што ќе роди твоето посеано поле. 23А тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и од првината на својот крупен и ситен добиток во присуство на Господа, својот Бог, на местото што Тој ќе го избере за да го настани таму Своето Име; за да се научиш така да се боиш секогаш од Господа, твојот Бог. 24Ако ти биде патот предолг, па не можеш да го донесеш десетокот - зашто е премногу далеку од тебе местото што Господ го избра за да го настани во него Своето Име - тогаш, кога Господ, твојот Бог, ќе те благослови, 25продај го тоа за сребреници, земи ги сребрениците во раката и оди во местото што го избра Господ, твојот Бог. 26Тогаш купи за сребрениците што сакаш: говедо, ситно животинче, вино или опоен пијалак - што ќе ти посака душата. Таму во присуство на Господа, својот Бог, јади и весели се ти и твоите домашни. 27Не го заборавај левитот, кој ќе биде во твоите градови, зашто тој нема дел ни наследство со тебе.
28На крајот на секоја трета година изнеси го сиот десеток на својот приход од таа година и положи го при твојата врата. 29Па нека дојде левитот - зашто нема дел ни наследство со тебе - придојденикот, сиракот и вдовицата, кои живеат во твојот град, и нека јадат и нека се наситат. Така ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите работи што ќе ги преземе твојата рака.“
Currently Selected:
ВТОРОЗАКОНИЕ 14: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.