ВТОРОЗАКОНИЕ 11
11
Заповед за љубов кон Бога
1„И така, љуби Го Господа, својот Бог, и врши ги во сите дни Неговите наредби, Неговите закони, одредби и заповеди. 2Вие, а не вашите синови, кои не ги запознаа и не ги видоа поуките на Господа, вашиот Бог, денес се уверивте во Неговото величие, во Неговата силна рака, во испружената мишка, 3за Неговите знаци и за делата што им ги направи, среде Египет, на фараонот, египетскиот цар, и на целата негова земја; 4што им стори на египетската војска, на нивните коњи и на колите; како ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве гонеа, и како ги сотре до денешниот ден; 5што стори за вас во пустината додека не стигнавте до ова место; 6што направи со Датан и Авирон, синовите на Елиав, Рувимовиот потомок, кога земјата ја отвори својата утроба па ги проголта среде целиот Израел нив и нивните семејства, нивните шатори и сѐ што имаа. 7Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.“
8„Затоа пазете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да бидете силни па да ја земете во сопственост земјата во која одите да ја освоите; 9најпосле, за да живеете долго во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство - земјата во која течат мед и млеко. 10Зашто земјата во која одиш да ја земеш во сопственост не е како Египетската Земја од која излеговте, каде, откако ќе го посееше семето, требаше да го напојуваш со својата нога како што се напојува зеленчукова градина. 11Земјата во која одите да ја земете во сопственост е земја на планини и долини, и ја натопува небескиот дожд; 12земја над која бдее Господ, твојот Бог, на која очите на Господа, твојот Бог, почиваат постојано, од почетокот до свршетокот на годината.“
13„‘Затоа, ако навистина ги послушате заповедите што ви ги давам денес, и ако Го љубите Господа, својот Бог, и ако Му служите со сето свое срце и со сета своја душа, 14ќе ѝ давам на вашата земја дожд во право време: наесен и напролет, и ќе можеш да ги собираш: своето жито, своето вино и своето масло; 15ќе му давам трева на твоето поле за твојот добиток. Така ќе јадеш и ќе бидеш сит.’ 16Внимавајте да не биде заведено вашето срце, да не тргнете по грешен пат, да не им искажувате почитување на други богови и да не им се клањате. 17Зашто тогаш Господ ќе пламне со гнев против вас: ќе ја затвори небесата; ќе нема дожд; земјата не ќе дава род, и вас ќе ве снема брзо од таа добра земја што Господ ви ја дава.“
Повелба да се положи Божјиот Закон в срце и да бидат поучувани децата на него
18„Вложете ги овие мои зборови во своето срце и во својата душа; врзете ги како знак на својата рака; нека ви бидат како запис меѓу очите! 19Поучете ги на нив своите синови, изговорувајте ги кога седите во својата куќа и кога одите патем; кога легнувате и кога станувате. 20Напишете ги на довратниците на својата куќа и на својата врата, 21за да бидат вашите денови и деновите на вашите синови - во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде - бројни како деновите на небесата над земјата. 22Ако ги држите верно сите овие заповеди кои ви ги наредувам, ако ги вршите и ако Го љубите Господа, својот Бог, ако одите по сите Негови патишта и ако се прилепите цврсто до Него, 23Господ ќе ги протера од пред вас сите тие народи, и вие ќе завладеете помногубројни и посилни народи од себе. 24Секое место на кое ќе стапне вашата нога ќе биде ваше; од пустината и од Ливан, од Реката, од реката Еуфрат, до Западното Море, ќе се тегне вашето подрачје. 25Никој не ќе се одржи пред вас; Господ, вашиот Бог, ќе внесе страв и трепет по сета земја во која ќе стапите, како што ви рече.“
Благослов и проклетство
26„Гледајте! Денес ви нудам благослов и проклетство: 27благослов, ако ги слушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви ги давам денес; 28а проклетство, ако не ги слушате заповедите на Господа, својот Бог, туку се отклоните од патот што ви го одредувам денес па тргнете по други богови, што не ги познавате. 29Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во сопственост, тогаш искажи благослов над гората Гаризим, а проклетство над гората Евал. 30Тие гори се издигаат, како што знаете, отаде Јордан, зад патот кон запад, во земјата на Ханаанците, кои живеат во Араб, спроти Галгал, покрај Дабот Море. 31Ете ќе преминете преку Јордан за да ја земете во сопственост земјата што ви ја дава Господ, вашиот Бог. Заземете ја и населете се во неа. 32Но пазете ги и вршете ги сите закони и одредби што ви ги изложувам денес.“
Currently Selected:
ВТОРОЗАКОНИЕ 11: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.