YouVersion Logo
Search Icon

ДАНИЕЛ 10

10
Г. Видение на последни времиња
1. Видение на ангел
1Во третата година на Кир, персискиот цар, на Даниел, наречен Валтазар, му дојде откровение на вистина: голема војна. Тој настојуваше да го разбере словото и разбирањето му беше дадено во привид.
2Во тие денови, јас, Даниел, жалев три седмици: 3не јадев течни јадења; месо ни вино не влегуваа во мојата уста, и не се мачкав со масло додека не поминаа трите седмици. 4Во дваесет и четвртиот ден на првиот месец бев на брегот на големата река Тигар; 5ги подигнав очите да видам, и ете: Човек облечен во ленена облека околу половината имаше појас од Уфаско злато, 6телото му беше како хрисолит, лицето како молња, очите како огнени гламни, рацете и нозете како светната бронза, звукот на неговите зборови како врева на многу народи. 7Единствено јас, Даниел, го гледав овој привид; луѓето кои беа со мене не го видоа, ама ги опфати голем страв та избегаа за да се скријат. 8Останав сам гледајќи го тоа големо привидение; се обессилив, лицето ми пребледе, се обезобрази, силата ме остави. 9Го чув гласот на неговите зборови и кога го разбрав гласот, се обесвестив и паднав со лицето на земјата.
2. Поткрепување на Даниела
10И ете: ме допре рака и ми помогна да се потпрам врз колената и врз дланките. 11Тој ми рече: „Даниеле, љубимче, внимавај на зборовите што ќе ти ги речам! Стани, зашто еве јас сум испратен кај тебе.“ Тоа го рече, а јас станав треперејќи. 12И ми рече: „Не бој се Даниеле, зашто од првиот ден кога одлучи да се понизиш пред Својот Бог за да разбереш, твоите зборови се послушани, и јас дојдов заради твоите зборови. 13Кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден, но Михаел, еден од првите кнезови, ми дојде на помош. Го оставив спроти персиските цареви, 14а јас дојдов за да ти кажам што ќе му се случи на твојот народ до крајот на деновите. Зашто ќе биде уште еден привид за оние денови.“
15Откако ми го рече тоа, јас го оборив погледот кон земјата, без зборови. 16И ете: оној, сличниот на човечките синови, се допре до моите усни. Ја отворив устата за да зборувам та му реков на оној кој стоеше пред мене: „Господару мој, заради овој привид ме опфатија тешкотии, и останав без сила. 17И како слугата на својот Господар ќе зборува со Господарот, кога сосем се обессилив и ме остави здивот?“
18Тогаш пак ме допре оној што беше како човек и ме поткрепи. 19Тој рече: „Не бој се љубимецу! Мир ти тебе! Биди јак! Охрабри се! И додека ми го зборуваше тоа, јас се охрабрив па реков: „Зборувај Господару, зашто ме охрабри!“ 20Тогаш тој рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? Сега ќе се вратам за да се борам против кнезот на Персија; а штом свршам, ќе дојде кнезот на Грција. 21Ама пред тоа ќе ти откријам што е запишано во Книгата на Вистината. Нема никој кој би се борел со мене против нив, освен Михаел, вашиот кнез,

Currently Selected:

ДАНИЕЛ 10: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy