YouVersion Logo
Search Icon

АМОС 6

6
2. Насилство, запустување и лишувања
1Горко им на безгрижните на Сион и на „спокојните“ на Самариската Гора, наречени „првина на народите,“ на кои им се обратува Израелевиот дом. 2Тргнете во Хална и видете, отидете оттаму во Големиот Емат, слезете во Филистејскиот Гат. Дали им е подрачјето поголемо од вашето? 3Мислите: далеку е кобниот ден, и ја приближувате власта на насилството. 4Лежејќи врз легла од слонова коска, навалени на постелите, јадат јагниња од стадото и телиња од стајата. 5Викаат покрај звукот на псалтирот, измислуваат свирки како Давид, 6пијат вино од врчви и се мачкаат со најдобро масло, но за Јосифовото паѓање не се грижат. 7Затоа сега првите ќе бидат протерани, ќе молкне веселбата на раскошниците. 8Господ се заколна Сам Себеси и вака говори Господ, Бог над Воинствата: „Се гнасам од Јакововата гордост, и ги мразам неговите дворци, ќе ги предадам градот и сѐ во него.“ 9Ако останат и десет луѓе во една куќа, ќе умрат. 10Роднината и горачот ќе се фатат да ги изнесат коските од куќата; ако некој би го прашал оној во аглот на куќата: „Остана ли уште некој со тебе?“ Тој ќе одговори: „Не! Тишина! Господовото име не смее да се спомне.“ 11Зашто, ете, Господ заповеда, и голема куќа се разурнува во делчиња, малата куќа се распукнува во делови. 12Трчаат ли коњите по стрмните карпи? Дали се ора морето со волови? Вие ја претворувате правдата во отров, а плодот на справедливоста во пелин. 13Вие му се радувате на Ло-Дабар кога велите: „Не го зазедовме ли со своја сила Карнаим?“ 14„Ха, еве, Израелев доме, подигам против тебе - говори Господ, Бог над Воинствата - народ што ќе ве угнетува од Ематскиот Влез до Пустинскиот Поток.“

Currently Selected:

АМОС 6: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in