YouVersion Logo
Search Icon

АМОС 1

1
ПРОРОШТВО ЗА СУД НАД НАРОДИ
1:1-2:16
А. Натпис и вовед
1Зборовите на Амос, пастир од Текое. Неговите виденија за Израел во доба на јудејскиот цар Озиј и Еровоам, синот на Јоас, израелски цар, на две години пред земјотресот. 2Тој вели: „Господ грми од Сион, гласот Му се разнесува од Ерусалим; сточарските пасишта жалат, и се суши врвот на Кармил.“
Б. Пророштво за Дамаск
3Господ зборува вака: „За три злостори на Дамаск, за четири злочини, одлуката е неотповиклива: зашто го вршеа Галад со железни орудија. 4Ќе пуштам оган на Азаиловиот дом за да ги изгори Вен-Ададовите дворци; 5ќе му ги скршам лостовите на Дамаск ќе ги истребам жителите на Викат-Авен и жезлоносецот од Бет-Еден; арамскиот народ ќе отиде во ропство во Кир,“ говори Господ.
В. Пророштво за Филистејска Газа
6Господ зборува вака: „За три злостори на Газа, за четири злочини, одлуката е неотповиклива: зашто одведоа сѐ во ропство и му го предадоа на Едом, 7ќе пуштам оган врз ѕидовите на Газа за да ѝ ги изгори дворците. 8Ќе ги истребам азотските жители и жезлоносецот од Аскалон. ќе испружам рака врз Акарон за да загине филистејскиот Остаток,“ говори Господ Бог.
Г. Пророштво за Фенички Тир
9Господ зборува вака: „За три злостори на Тир, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто му ги предаде сите заточеници на Едом и не се сетија за братскиот сојуз. 10Ќе пуштам оган на ѕидовите на Тир за да ги изгори нивните дворци.“
Д. Пророштво за Едом
11Господ зборува вака: „За три злостори на Едом, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го гонеше братот со меч, задушувајќи ја својата сомилост, зашто го распламтуваше секогаш својот гнев, зашто го поттикнуваше својот бес. 12Ќе пуштам оган на Теман за да ги изгори дворците во Восор.“
Ѓ. Проштво за Амонови синови
13Господ зборува вака: „За три злодејства на Амоновите синови за четири злостори, одлуката е неотповиклива: зашто ги распарува галадските трудници за да ги рашират своите граници, 14ќе запалам оган на ѕидовите на Рава за да ѝ ги изгори дворците, со бојна врева во ден на војна, со бури во ден на виори, 15а царот ќе им отиде на заточение, тој и неговите кнезови со него,“ говори Господ.

Currently Selected:

АМОС 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in