YouVersion Logo
Search Icon

2 ЦАРЕВИ 24

24
1Во негово време дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, и Елијаким му беше потчинет три години, потоа се побуни повторно против него. 2Овој пак ги испрати против него халдејските ограбувачки чети, арамејските, моавските и амонските, сите ги испрати против Јудеја за да ја запустат, потврдувајќи го словото што Господ го беше објавил преку Своите слуги пророците. 3Тоа ѝ се случи на Јудеја според Господовата закана дека ќе ја истреби од пред Своето лице заради Манасиевите гревови: заради сѐ што направи Манасиј, 4и заради невината крв што ја пролеа, го наполни Ерусалим со невина крв. Господ не сакаше да прости.
5Другата Елијакимова повест, и сѐ што направи, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? 6Елијаким почина покрај своите татковци, а неговиот син Јоахин завладеа место него. 7Египетскиот цар веќе не излегуваше од земјата, зашто вавилонскиот цар освои сѐ што му припаѓаше на египетскиот цар, од Египетскиот Поток до реката Еуфрат.
Е. Царување на Јоахин
Второ Навуходоносорово заземање на Ерусалим
8На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му ѝ беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим. 9Тој правеше што е зло во Господовите очи, сѐ како што правеше и неговиот татко.
10Во она време тргнаа луѓето на вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим, и градот беше опколен. 11Дојде и вавилонскиот цар Навуходоносор за да го нападне градот, додека неговите луѓе го опсадуваа. 12Тогаш јудејскиот цар Јоахин излезе пред вавилонскиот цар: тој, неговата мајка, неговите слуги, неговите војсководачи и дворјаниците, а вавилонскиот цар го зароби. Тоа беше во осмата година на Навуходоносоровото царување. 13Тој однесе сѐ од ризницата на Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец, и ги скрши сите златни предмети што Соломон, царот на Израел, ги направи за Господовото Светилиште. Така се исполни Господовото слово. 14Ги одведе на заточение сиот Ерусалим, сите полководци и сите смели борци, околу десет илјади заточеници, со сите ковачи и бравари. Единствено остана најбедниот народ на земјата. 15Го одведе Јоахина во Вавилон; исто така и царевата мајка и сите цареви жени, неговите дворјанци, моќните на земјата, сите ги одведе од Ерусалим во пленство во Вавилон. 16Сите способни луѓе, седум илјади, ковачите и браварите илјада на број; сите јунаци способни за бој, сите ги одведе вавилонскиот цар, во Вавилон, во пленство. 17Вавилонскиот цар го постави за цар место Јоахина неговиот стрико Матаниј, но му го смени името во Седекија.
Ж. Царување на Седекија
1. Востание против Вавилон
18На Седекија му беа дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим. Името на мајка му ѝ беше Амутала, ќерка на Еремиј, а беше од Ливна. 19Правеше што е зло во Господовите очи, сѐ како што правеше Јоахин. 20Тоа им се случи на Ерусалим и Јуда заради Господовиот гнев; Господ конечно и ги отфрли од пред Своето лице. Седекија се побуни против вавилонскиот цар.

Currently Selected:

2 ЦАРЕВИ 24: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in