YouVersion Logo
Search Icon

2 ЦАРЕВИ 11

11
1Затоа Охозиевата мајка Готолија, откако виде дека ѝ загина синот, стана и го погуби сиот царски род. 2Ама Јосавеа, ќерка на царот Јорам и сестра Охозиина, го зеде Охозиевиот син Јоас; украдувајќи го од сред царските синови кои ги убиваа, го сложи со доилката во спалната. Така го спаси од Готолија, та не беше погубен. Беше скриен во Господовиот Дом, шест години, сѐ додека во земјата владееше Готолија.
2. Погубување на Готолија
4Во седмата година Јодај испрати по стотниците на Каријците и по телесната стража, и ги повика кај себе во Господовиот Дом. Склучи со нив договор, ги заколна во Господовиот Дом и им го покажа царевиот син. 5И им рече: „Еве што треба да направите: третината од вас што доаѓате во сабота нека чува стража кај царскиот дворец. 6Втората третина, онаа кај Урската Врата, и третата третина, онаа кај задната стражарска врата, нека чуваат стража кај влезот во дворецот; 7а останатите ваши два одреда, сите кои што во сабота излегуваат од служба, нека чуваат стража во Господовиот Дом кај царот. 8Така ќе го опкружите царот, секој со оружје во раката. И кој ќе се обиде да помине низ вашите редови, нека биде погубен. Бидете покрај царот каде и да тргне или да излезе.“
9Стотниците направија сѐ како што им нареди свештеникот Јодај. Секој од нив ги зеде своите луѓе кои што во сабота влегуваа на служба со оние кои во сабота излегуваа. И сите дојдоа кај свештеникот Јодај. 10Јодај им ги даде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што беа во Господовиот Дом. 11Стражарите се наредија, со оружје во раката, од јужната до северната страна на Домот, и спрема жртвеникот и спрема Домот околу царот наоколу.
12Тогаш Јодај го изведе царевиот син, му стави круна и му го даде Сведоштвото и го помаза за цар. Плескаа со рацете и викаа: „Да живее царот!“
13Кога Готолија ја чу виката на народот, дојде кај народот во Господовиот Дом. 14Погледа подобро, кога ете, царот, според обичајот, стои на своето место, а пред царот повелници и свирачи; сиот народ воскликнува од радост и труби во труби. Тогаш Готолија ги раскина облеките и извика: „Предавство! Предавство!“ 15Свештеникот Јодај им нареди на стотниците и воените заповедници: „Изведете ја низ редовите, и кој ќе тргне по неа, погубете го со меч.“ Уште свештеникот додаде: „Немојте да ја погубите во Господовиот Дом.“ 16Ги ставија рацете на неа, а кога низ Коњската Врата стигнаа до царскиот дворец, таму ја погубија.
17Тогаш Јодај склучи Завет меѓу Господа и царот и народот; и меѓу царот и народот за да биде народот Господов народ. 18Потоа сиот народ отиде во Валовиот храм, и го разурнаа, ги срушија жртвениците и ги искршија ликовите; а Валовиот свештеник Матан го убија пред жртвениците. А свештеникот пак постави стражи кај Господовиот Дом. 19Потоа ги зеде стотниците на Каријците, стражата и сиот народ. Тие го изведоа царот од Господовиот Дом и го воведоа во дворецот низ Стражарската Врата. И Јоас седна на царскиот престол. 20Сиот народ се веселеше и градот се смири кога ја убија Готолија со меч во царскиот дворец.
21На Јоаса му беа седум години кога се зацари.

Currently Selected:

2 ЦАРЕВИ 11: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in