YouVersion Logo
Search Icon

2 ЛЕТОПИСИ 6

6
2. Соломонов говор
1Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека Тој ќе пребива во темен облак; 2а јас Ти изградив возвишен Дом, место, за Твое вечно престојување! 3И, откако се сврте, царот го благослови целиот израелски собир, а целиот израелски собир стоеше. 4Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој го исполни со Својата рака ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи: 5’Од денот кога Го изведов Својот народ од Египетската Земја не избрав град меѓу ниедно израелево племе за да се изгради во него Дом, каде би престојувало Моето Име, ниту избрав некого за да владее над Мојот Израелски народ. 6Но Јас го избрав Ерусалим за да биде во него Моето Име и го избрав Давида за да заповеда со Мојот Израелски народ.’ 7Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог, 8но Господ му рече: ‘Си наумил да Му подигнеш Дом на Моето Име, и добро направи, 9ама ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило; тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’ 10Господ го исполни Своето ветување: го наследив таткото Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог, 11и го наместив Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со Израелевите синови.“
3. Соломонова молитва
12Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот израелев собир, пред Господовиот жртвеник и ги рашири рацете. 13Имено, Соломон имаше направено бронзено подножје, долго пет лакти и широко пет лакти, а високо три лакти, и го стави сред дворот; откако застана на него, клекна пред сето израелево собрание и, раширувајќи ги рацете кон небото, 14рече: „Господи, Израелев Боже! Ниеден бог не Ти е сличен ни на небесата ни на земјата, Тебе, Кој им ги пазиш Заветот и љубовта на Твоите слуги, кои одат пред Тебе со сето свое срце. 15На Твојот слуга Давид, на мојот татко, му исполни што Си му ветил. Што Си ветил со Својата уста, го исполни со Својата рака токму денес. 16Господи, Израелев Боже, сега исполни му на Својот слуга на татака ми Давида, што си му ветил кога си рекол: ‘Не ќе ти снема пред Мене наследник кој ќе седи на Израелевиот престол, само ако твоите синови ги пазат своите патишта, одејќи по Мојот закон, како што одеше ти пред Мене.’ 17Господи, Израелев Боже, и така нека се исполни сега ветувањето што му го даде на Својот слуга Давид!
18Ама зар навистина Бог ќе престојува со луѓето на земјата? Та небесата ни небесата над небесата не можат да Те опфатат, а камоли овој Дом што сум го изградил! 19Внимателно чуј ги молитвата и повикот на Својот слуга, Господи, Боже мој, та послушај ги просењето и молитвата што Твојот слуга ја упатува кон Тебе! 20Твоите очи нека бидат отворени над овој Дом дење и ноќе, над ова место за кое што рече дека во него ќе Го сместиш Своето Име. Послушај ја молитвата со која Твојот слуга ќе се моли на ова место. 21И послушај ја молитвата на Твојот слуга и на Твојот Израелски народ, што ќе ја упатува на ова место. Послушај од местото каде што престојуваш, од небесата, послушај и смилувај се!
22Ако некој згреши против ближниот и ако му биде наредено да се заколне и ако заклетвата дојде пред Твојот жртвеник во овој Дом, 23Ти чуј ја од небото, подејствувај и суди им на Своите слуги, осуди го виновникот свртувајќи ги неговите беззаконија врз неговата глава, а ослободи го невиниот постапувајќи со него според неговата невиност.
24Ако непријателите го поразат Твојот народ зашто згрешил против Тебе, ама ако сепак се обрати кон Тебе и ако го прослави Твоето Име и ако се помоли и извика кон Тебе во овој Дом, 25тогаш Ти чуј го од небото, прости му ги гревовите на Твојот Израелски народ и доведи го назад во земјата која им ја даде ним и на нивните татковци.
26Ако небото се затвори и не падне дожд зашто згрешиле против Тебе, па ако Ти се помолат на ова место и ако го прослават Твоето Име, и ако се обратат од својот грев кога ќе ги понизиш Ти, 27тогаш чуј од небото и прости им го гревот на Твоите слуги и на Твојот Израелски народ, покажувајќи му го добриот пат по кој ќе оди, и пушти дожд на земјата, која му ја даде на Твојот народ во наследство.
28Кога во земјата ќе завладеат глад, помор, суша и гламница, кога ќе навалат скакулци и гасеници, кога непријателот на овој народ ќе притисне некоја од неговите врати, или кога ќе удри некоја друга неволја или болест, 29чуј ја секоја молитва, секој извик од кој и да е човек, или од целиот Твој Израелски народ; ако секој почувствува болка во срцето и рашири раце кон овој Дом, 30послушај им ги молитвата и нивниот повик во небото каде што престојуваш, и прости, и дај му секому според неговите патишта, зашто Ти го познаваш неговото срце; зашто Ти единствено ги проѕираш срцата на луѓето, 31за да се бојат од Тебе одејќи по Твоите патишта додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.
32Па и туѓинецот - кој не е од Твојот Израелски народ, туку стигнал од далечна земја заради величината на Твоето Име и заради Твојата силна рака и подигната мишка, ако дојде и ако се помоли во овој Дом, 33послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови повици, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и да се бојат од Тебе како Твојот Израелски народ, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом, кој го изградив.
34Кога Твојот народ ќе тргне против непријателот по патот по кој ќе го упатиш Ти и ако Ти се помоли Тебе, свртен кон градот што си Го избрал и кон Домот што му го подигнав на Твоето Име, 35послушај ги од небото неговата молитва и неговото просење и направи што е потребно за него.
36Кога ќе ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а ако Ти, откако ќе се разгневиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите за да ги заробат и за да ги одведат како робје во далечна или блиска земја, 37па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат одведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи велејќи: ‘Згрешивме’, 38и ако така Ти се обратат Тебе со сето срце и со сета душа во земјата на своето ропство во која ќе бидат доведени како робови, и ако се помолат свртени кон земјата, што Ти им ја даде на нивните татковци, и кон градот што го одбра, и кон Домот што јас му го подигнав на Твоето Име, 39послушај ги од небото, каде престојуваш, нивната молба и нивното просење, направи им правда, и прости му на Твојот народ што ти згрешил. 40Сега, Боже мој, Твоите очи нека бидат отворени и Твоите уши нека бидат внимателни на молитвите на ова место! 41А сега, Господи Боже, стани во Твоето почивалиште, Ти и Ковчегот на Твојата сила, Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите свети нека се насладуваат со блага. 42Господи Боже! Не свртувај го лицето од Твојот помазаник, спомни си за милостите што му ги даде на Твојот слуга Давид!“

Currently Selected:

2 ЛЕТОПИСИ 6: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in