YouVersion Logo
Search Icon

2 ЛЕТОПИСИ 14

14
В. Царување на Аса
1. Асина благочесност и верност
1Потоа Авиј почина покрај своите татковци. Го погребаа во Давидовиот Град; на неговото место се зацари син му Аса. Во неговите дни земјата беше мирна десет години. 2Аса правеше што е добро и право во очите на Господа, неговиот Бог. 3Ги отстрани туѓинските жртвеници и високите места, ги обори столбовите и ги скрши ашерите. 4Им нареди на Јудејците да Го бараат Господа, Бога на своите татковци, да ги пазат законот и заповедите. 5Ги отстрани од сите јудејски градови високите места и сончевите столбови, а царството беше мирно во неговото време. 6Изгради цврсти градови во Јудеја, зашто земјата беше мирна. Никој не завојува против него во тие години, зашто Господ му даде мир. 7Затоа Аса им рече на Јудејците: „Да ги доградиме овие градови и да ги заградиме со ѕид и со стражарници, со врати и со лостови; уште е наша земјата пред нас, зашто го баравме Господа, својот Бог; го баравме, и Тој ни даде мир од сите страни!“ Така градеа и беа успешни. 8Аса имаше војска триста илјади луѓе од Јудејците, кои носеа штит и копје, а од Венијаминовото племе двеста и осумдесет илјади, кои носеа штит и оптегнуваа лак. Сите беа храбри јунаци.
2. Асина победа над Етиопецот Зара
9Етиопецот Зара излезе против нив со илјада илјади воини и со триста бојни коли и дојде до Мариса. 10Аса излезе пред него; се подредија во боен ред во Сефатската Долина кај Мариса. 11Аса извика кон Господа, својот Бог: „О Господе, за Тебе е ништо да му помогнеш на силниот или на слабиот! Помогни ни, о Господи, Боже наш, зашто се потпираме на Тебе и во Твое Име излеговме против ова мноштво! Господе, Ти си наш Бог, не оставај го силниот човек против Себе!“ 12Господ ги разби Етиопците пред Аса и пред Јудејците, та Етиопците избегаа. 13Аса, со народот што беше со него, ги протера сѐ до Герара. Етиопците попаѓаа, така што ниеден не остана жив, зашто Господ и Неговите чети ги сотреа; и тие однесоа мошне голем плен. 14Ги освоија сите градови околу Герара, зашто Господовиот страв дојде врз нив; ги ограбија сите тие градови, зашто во нив имаше многу плен. 15Ги ограбија и шаторите за добиток и запленија многу ситен добиток и камили; а тогаш се вратија во Ерусалим.

Currently Selected:

2 ЛЕТОПИСИ 14: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in