1 ТИМОТЕЈА 2
2
За молитвата и држањето на жената
1Така, пред сѐ да се прават просби, молитви, молби, благодарности за сите луѓе, 2за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да проживееме тих и мирен живот во сета побожност и чесност. 3Ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител, 4Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината. 5Зашто Бог е Еден, и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус, 6Кој се даде Себеси како откуп за сите, за сведоштво во вистинско време; 7за кое јас бев поставен за проповедник и апостол - вистина велам, не лажам - за учител на народите во верата и вистината.
8И така, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце без гнев и препирка. 9Исто така и жените да се украсуваат во пристојна облека, скромно и претпазливо, не со плетенки и злато, или со бисери или со скапоцени облеки, 10туку со добри дела, како што им прилега на жените, кои исповедуваат дека се побожни. 11Жената да се учи во тишина и во секаква покорност! 12А на жената не ѝ дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. 13Зашто, прво беше создаден Адам, потоа Ева. 14И Адам не беше измамен, туку жената беше измамена, и падна во престап. 15Но таа ќе биде сочувана со раѓање на деца; ако останат во верата и љубовта и во светоста со умереност.
Currently Selected:
1 ТИМОТЕЈА 2: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.