YouVersion Logo
Search Icon

1 ЦАРЕВИ 5

5
Е. Изградба на Храм
1. Соломонови подготовки за изградба на Храм
1Тирскиот цар Хирам му ги испрати своите слуги на Соломона, зашто беше чул дека го помазаа за цар на местото на неговиот татко, а Хирам секогаш беше Давидов пријател. 2Тогаш Соломон му порача на Хирама: 3“Ти знаеш добро дека мојот татко Давид не можеше да го изгради Домот на името на Господа, својот Бог, заради војните со кои го опкружија непријателите од сите страни, сѐ додека Господ не ги подложи под стапалата на неговите нозе. 4Сега Господ, мојот Бог ми даде мир насекаде наоколу: немам непријател ни лоши пречки. 5И така, имам намера да Му изградам Дом на името на Господа, својот Бог, како што Господ му рече на татка ми Давида: ‘Твојот син кого ќе го поставам место тебе на твојот престол, тој ќе му изгради Дом на Моето име.’ 6Затоа сега заповеди да ми насечат кедри на Ливан; моите слуги ќе бидат со твоите слуги, и јас ќе им ја платам надницата на твоите слуги според сѐ како што ќе ми одредиш. Ти знаеш добро дека кај нас нема луѓе кои што умеат да сечат дрва како Сидонците.“ 7Кога Хирам ја прими Соломоновата порака, многу се зарадува и рече: „Нека е благословен денес Господ, Кој му даде мудар син на Давида, кој управува со овој голем народ.“ 8И Хирам му јави на Соломона: „Ја примив твојата порака. Ќе ја исполнам во сѐ твојата желба за кедровите дрва и за чемпресовите дрва. 9Моите слуги ќе ги пренесат од Ливан до морето, ќе ги сложам во сплавови и ќе ги пуштам по морето до местото што ќе ми го одредиш; таму ќе ги одврзиме, и ти ќе ги земеш. Ти пак ќе ја исполниш мојата желба и ќе дадеш храна за мојот дом.“ 10Хирам му даваше на Соломона кедрови и чемпресови дрва колку што сакаше, 11а Соломон му даваше на Хирама дваесет илјади кори пченица за храна на домашните, и дваесет илјади кори масло од цедени маслинки. Толку му даваше Соломон на Хирама од година во година. 12Господ му даде мудрост на Соломона, како што му беше ветил; меѓу Хирам и Соломон владееше мир, та тие склучија сојуз.
13Тогаш царот Соломон собра бесплатни трудбеници од сиот Израел; неплатени работници беа вкупно триесет илјади луѓе. 14Ги праќаше наизменично, секој месец по десет илјади луѓе беа еден месец на Ливан, а два месеца дома. Адонирам беше над сите бесплатни работници. 15Соломон имаше и седумдесет илјади носачи на товар, осумдесет илјади каменоресци во гората, 16не сметајќи ги службеничките главатари кои управуваа со работите; нив ги имаше три илјади и три стотини, а управуваа со народот вработен на работите. 17Царот заповеда да кршат големи делови од одбран камен и да ги делкаат за основите на Храмот. 18Соломоновите и Хирамовите градители, и оние од Гивлеа, копаничареа и подготвуваа дрво и делкаа за изградбата на Храмот.

Currently Selected:

1 ЦАРЕВИ 5: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in