1 КОРИНТЈАНИТЕ 5
5
Да се мрази блудство
1Општо се зборува дека меѓу вас има блудство, и тоа такво какво нема ни меѓу народите: дека некој ја има татковата жена. 2А вие уште се вообразивте, место да тагувате! - да се отстрани од вашата средина, оној, кој го направил тоа дело! 3Зашто, иако со телото не сум при вас, но присутен сум со духот, јас веќе го осудив, како да сум присутен, оној, кој го направил тоа: 4кога, во името на нашиот Господ Исус, ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус, 5да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на неговото тело, за да се спаси неговиот дух во Денот на нашиот Господ Исус. 6Вашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас, го потквасува целото тесто? 7Очистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас. 8Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и лукавството, туку со бесквасниот леб на искреност и вистина.
9Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници, 10не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот. 11Но сега ви напишав да не се дружите со оној, кој се наречува брат, а блудник е или лакомец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница или разбојник. Со таков и да не јадете! 12Зашто, не ми се паѓа мене да ги судам оние, кои се надвор? Зар вие не им судите на оние, кои се внатре? 13А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. „Отстранете го злиот од својата средина!“
Currently Selected:
1 КОРИНТЈАНИТЕ 5: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.