1 ЛЕТОПИСИ 4
4
Г. Јудино потомство
1Јудини синови беа: Фарес, Есрон, Хармиј, Ор и Совал. 2На Соваловиот син Реај му се роди Јат, а на Јата му се родија Ахумај и Лад. Тоа се Саратските родови. 3Ова се синовите од таткото Итам: Езраел, Есма и Едвас, а името на нивната сестра ѝ беше Аселелфонија. 4Фануил му беше татко на Гедор, а Есер му беше татко на Хус. Тоа беа синови на Ор, првенецот на Ефрат, таткото на Витлеем. 5А таткото на Текуј, Асхор, имаше две жени, Ела и Нара. 6Нара му ги роди: Ахузам, Ефер, Теман и Ахастар. Тоа се Нарините синови. 7Елини синови беа: Серед, Јесоар и Етнан. 8На Кос му се родија Анув и Совив и семејствата на Арумовиот син Ахарил. 9Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.“ 10Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!“ Бог го исполни тоа за што Му се молеше. 11На Суевиот брат Хелув му се роди Мехир; тој беше Естонов татко. 12Од Естона потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир Нас. Тоа се Рихавови луѓе. 13А Кенезови синови беа: Готонил и Серај. Готонилови синови: Атат и Меонот. 14На Меонота му се роди Офра; на Сераја му се роди Јоав, таткото на оние кои што живеат во Долината на Ракотворците, зашто беа дрводелци. 15Синови на Ефониевиот син Халев беа: Ир, Ила и Нам; Илин син беше Кенез. 16Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил. 17Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој. 18Неговата жена Јудејка ги роди: Јеред, татко Гедоров, Евер, татко Сохов, и Екутил, татко Заноев. Тоа беа синови на Витија, фараоновата ќерка која ја зеде за жена Меред. 19Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, таткото Келиев, беа: Симон, татко на Гармиецот Јомам, и Махатецот Естемој. 20Симонови синови беа: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Есеови синови: Зохет и Вен-Зохет. 21Синови на Јудиниот син Сила беа: Ир, таткото Лихин, Лада, таткото Марисин, и семејствата на платнарската куќа во Вет Асвеин; 22Јоким и луѓето од Хасива Јоас и Сараф, кои владееја над Моав и се вратија во Витлеем. Но тоа се стари настани. 23Тоа беа грнчари кои живееја во Нетаим и во Гедера кај царот и беа таму вработени кај него.
Д. Симеоново потомство
24Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул. 25Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма. 26Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј. 27Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови. 28Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул, 29во Вала, во Асем, во Толад, 30во Ветуил, во Орма, во Сиклаг, 31во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување. 32А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови. 33И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија. 34Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса, 35Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов, 36Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај, 37Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин. 38Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу. 39Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада. 40Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци, 41Симеоновците, запишани по име, нападнаа во времето на јудејскиот цар Езекија та ги разбија нивните шатори и нивните засолништа. И ги истребија засекогаш, и се населија на нивно место, зашто таму беа пасиштата за нивните стада. 42Тогаш некои од оние што им припаѓаа на Симеоновите синови, нив пет стотини, излегоа на планината Сир, на чело со Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил, Есееви синови. 43И го погубија Остатокот што беше избегал од Амаликците и се населија таму до денешниот ден.
Currently Selected:
1 ЛЕТОПИСИ 4: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.