1 ЛЕТОПИСИ 27
27
З. Распределување на военачалници и на должносни лица
1Израелевите синови според својот број. Главатарите на семејствата, илјадниците, стотниците и надгледувачите му служеа на царот во секоја работа. Доаѓаа и си одеа во одреди од месец до месец, во сите годишни месеци; секој одред имаше дваесет и четири илјади луѓе. 2Над првиот одред, во првиот месец, беше синот Завдилов Јасовеам. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе. 3Им припаѓаше на Фаресовите синови и беше заповедник на сите военачалници во војската на првиот месец. 4Над одредот во вториот месец беше Ахошецот Додај, а военачалник во неговиот одред беше Миклот. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе. 5Военачалник на третата војска, на третиот месец, беше синот на свештеникот Јодај, главатарот Венај. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади. 6Тој Венај беше јунак меѓу трисетмината и над триесетмината, и во неговиот одред беше син му Амизавад. 7Четвртиот, во четвртиот месец, беше братот Јоавов Асаил, а по него син му Зевадиј. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади. 8Петтиот, во петтиот месец, беше военачалник Езраелецот Самут, и во неговиот одред беа дваесет и четири илјади. 9Шести, во шестиот месец, беше Икисовиот син Ира, Текоанец. 10Седмиот, во седмиот месец, беше Фелонецот Хелис, од Ефремовите синови. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади. 11Осмиот, во осмиот месец, беше Хусатецот Сивехај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади. 12Деветтиот, во деветтиот месец, беше Анатотецот Авиезер, Венијаминец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади. 13Десеттиот, во десеттиот месец, беше Нетофатецот Марај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади. 14Единаесеттиот, во единаесеттиот месец, беше Фаратонецот Венај, Ефремовец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади. 15Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Нетофатецот Хелдај, Готонилец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
16Над Израелевите племиња кнезови беа: над Рувимовото Зихриевиот син кнезот Елиезер; над Симеоновото Машиниот син Сефатиј; 17над Левиевото Кемуиловиот син Асавиј; над Ароновото Садок; 18над Јудиното Елуиј од Давидовите браќа; над Исахаровото синот Михаилов Амриј; 19над Завулоновото синот на Овадиј, Исмај; над Нефталимовото Јеремот, синот Азрилов. 20Над Ефремовите синови Исус синот Азазиев; над половината Манасиево племе Федаиниот син Јоил, 21над втората половина на Манасиевото племе во Галад синот Захариев Идо; над Венијаминовото Авенировиот син Јасил. 22Над Дановото Јероамовиот син Азареил. Тоа беа кнезовите над израелските племиња. 23Но Давид не даде да ги пребројат оние на кои им беа дваесет години и помалку, зашто Господ беше рекол дека ќе ги умножи како небеските ѕвезди. 24Серуиниот син Јоав почна да врши попис, но не го заврши. Затоа гневот дојде врз Израел, и затоа тој број не беше примен во бројниот извештај на Летописот на царот Давид.
25Настојател над царското сокровиште беше Адиловиот син Азмавет, а настојател над ризницата во земјата, во градовите, во селата и во тврдините, беше Озииниот син Јонатан. 26Надгледувач над полските работници, кои ја обработуваа земјата, беше Езриј синот Хелувов. 27Надгледувач над лозарите Раматецот Симеј. Надгледувач над приходот на лозјата, за внесување на вино, беше Сифмеецот Завдиј. 28Надгледувач над маслинките и над црниците што се во Шефел беше Гедерецот Валанин; надгледувач над складиштата за масло Јоас. 29Надгледувач над говедата што пасеа во Сарон беше Саронецот Ситрај. 30Надгледувач над крупниот добиток во долините беше Адлаевиот син Сафат. 30 Надгледувач над камилите Исмаилецот Овил. Надгледувач над магарињата Меронотецот Једај. 31Надгледувач над ситниот добиток (овците) Агарецот Јазиз. Сите тие беа настојатели над имотот на царот Давид. 32Советник беше Давидовиот стрико Јонатан, мудар човек; беше и книжевник; а Ахмониевиот син Јехил беше со царските синови. 33Ахитофел беше царски советник, Архиецот Хусај царев пријател. 34Ахитофела го наследија Венаиниот син Јодај и Авијатар, Јоав беше царев военачалник.
Currently Selected:
1 ЛЕТОПИСИ 27: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.